
Македонија
Вести
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во денешното интервју за МИА проговори за актуелните „бомби“ кои се пласираа деновиве во јавноста.

„Поднесовме веќе кривични пријави за незаконско прислушување, за незаконско снимање кое што се случува и бараме тоа да се истера на крај. Точно, не заради тоа што се плашиме од тие разговори, а тоа е пример како треба да се однесуваат и сите други коишто се цел на вакво незаконско прислушување. Законот вели дека е кривично дело незаконското прислушување дури и кога седиме на состанок и некој снима не мора телефонски да разговараме, снимањето е недозволиво, секако освен ако е објавено јавно за потребите на стенограми или било што од одредени состаноци.За тоа треба да постои одговорност. Но нека им е на чест на нашите опоненти тоа што го прават со цел., вели Заев.
Додава дека кога СДСМ објавуваше прислушувани разговори тоа го направила транспарентно.
„Излеговме на говорница, штитејќи ја комплетно приватноста на луѓето, секаде каде што постоеја индиции за криминал или неетичко однесување со тенденција за криминал, тоа јавно го објавивме, го составивме и срочивме во кривични пријави и го доставивме до тогашното ЈО коешто помина понатаму во СЈО. Така да, кукавички е да се пуштаат разговори на начин на којшто се крши законот денеска тоа е типично само за опозицијата. СДСМ секојпат тоа го правел согласно закон како што е дозволено, објавувајќи со кривичнипријави во времето кога дури и кога не беа забранети јавните објавувања на разговорите, додава тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.