„Актуелен беше Клиничкиот центар. Тоа е проект за еднаш во 100 години. Вреден е 500 милиони евра според физибилити студијата од 2014 година од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 март, 2021 16:49

Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Јас сум да постигнеме консензус. За 10%, за 20%, за 30% од прашањата. Тоа ќе ја забрза брзината на државата кон нејзината цел. Ако одиме со 100 км на час, ќе одиме со 150“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев на прашањето за соработката со опозицијата за важни прашања за граѓаните.

„Актуелен беше Клиничкиот центар. Тоа е проект за еднаш во 100 години. Вреден е 500 милиони евра според физибилити студијата од 2014 година од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Отидовме во Парламентот заради тоа што е ковид криза и преку закон да дефинираме заеднички да влеземе во реализацијата со опозицијата. Најголемиот проект, кој што го финансираме со наши пари и за коj ЕУ ни вели ако го спроведете ќе ви дадеме грант од 50% од вредноста.

За да застанеме заедно и за да ја убедам опозицијата реков тие да бидат мнозинство во изведувањето на овој голем проект. Ние, ако сме власт, ќе бидеме малцинство. Плус да имаат и во контролната улога, во собраниската комисија која што ќе го следи проектот, и таму да бидат мнозинство. Од нашите редови е министерот за здравство и доволно е тоа. Значи првоодговорен за реализација и првоодговорен за контрола да бидат од опозицијата. Со 2.000 амандмани го блокираа законот“, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.

Тој додаде дека истата пракса опозицијата ја применува и за другите закони од интерес за граѓаните и за напредокот на земјата.

Тргнавме со Законот за бесправни градби. Гледам нашиот министер Бочварски се обидува со претседателот на собраниската комисија Мисајловски да тргне постапката за усвојување на законот. Законот за енергетска ефикасност, со 50 милиони евра од Светска банка, е исто така блокиран, а тој треба да биде наменет на болници, градинки, училишта.

Проектот трамвај на тркала, еколошки проект за кој издвоивме 70 милиони евра, исто така закочен. Блокиран е и законот за земјоделците за откупни центри во Скопје, Ресен и Струмица, што значи дефинитивно за сето ова ни треба човек од другата страна за разговор со чувство за овие работи“, нагласи премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...