Македонија
Закони
Попис ќе има идната година во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата, вели премиерот Зоран Заев!
Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери.
Пописот, како статистичка операција, според највисоките стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика кој за пилот фазата ги доби највисоките оценки.
Нашите граѓани чекаат попис речиси две децении, оваа шанса нема да ја пропуштиме.
Сѐ е подготвено, а развој е можен само со точни статистички податоци, потенцираше тој!
Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис во Република Македонија.
Пописот претставува вкупен процес на:
– прибирање,
– обработка,
– оценка и анализа и
– дисеминација на податоци за населението, домаќинствата и становите во една држава.
Пописот е најобемно статистичко истражување во однос на единиците што се попишуваат и најмасовно во однос на бројот на учесниците што учествуваат во неговото спроведување. Пописот се подготвува неколку години пред неговото спроведување на терен, а податоците се обработуваат подолг временски период по прибирањето од теренот.
Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите на корисниците во државата и во странство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Закони
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.