Македонија
Политика
Во вчерашната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на прашањето колку е прифатлив предлогот на Заев за широка влада, Милошоски истакна дека Заев со денешната изјава потврдил дека на Македонија и е потребна нова Влада, како и дека ова мнозинство е неефикасно, а ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска влада која ќе организира локални и предвремени парламентарни избори.
Заев со денешната изјава за широка влада прво потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада, второ мислам дека тезата на Заев потврдува и друго нешто за сегашната влада и сегашното мнозинство се неефикасни и немаат капацитет да се носат со реални и сериозни проекти во време на криза, и трето ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци кажа дека на Македонија посебно пред изборите многу подобро би и дошло да има експертска влада, којашто ќе има капацитет да има поширока поддршка и да понуди реални проекти за излез од оваа криза, што Заев не е способен да ја менаџира, истакна Милошоски.
Милошоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.