Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, стави јасно до знаење што во суштина значи Договорот со Бугарија и што е поимот Македонска историја и зошто наскоро ќе ја немаме.
“Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани и еве денеска заедно и ги чествуваме. Македонија сама си ги чествува, Бугарија дел од нив самостојно ги чествува, но и заедно ги чествуваме. Тоа е дел од заедничката историја.“, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес конференција.
За Заев нема ништо спорно што Македонските историски настани и имиња во иднина ќе ги делима на зеднички или чисто бугарски. Зависно како ќе се одлучи по Договорот.
Ден по потпишувањето на договорот со Бугарија ние заедно чествувавме. Јас немам предрасуди дека е дел од заедничката историја, ниту сакаме да земеме нешто од соседите, нешто што го чувствуваат за свој дел од историјата, додаде Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.