Зоран Заев рече дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април догодина. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 декември, 2019 19:41

Заев потврди : Спасовски и Царовска можни технички премиери

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера во медиумите излезедека министерката за труд и социјала Мила Царовска е можен технички премиер, кој ќе го замени премиерот во заминување Зоран Заев, денеска тој изјави дека наскоро ќе се знае составот на техничката влада кој треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги потврди Спасовски и Мила Царовска.

Премиерот Заев потврди дека Оливер Спасовски и Мила Царовска се можни технички премиери

Зоран Заев рече дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април догодина. 

Во однос на нашето членство во НАТО, премиерот истакна дека очекуванајдоцна до јануари шпанската влада да биде формирана , а земјата да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.

-Ова го кажувам транспарентно за да не останат дилеми дека постои каква било аргументација за одложување на изборите. А зошто е ова важно, за да можат компаниите, коморите и граѓаните да си прават планови, рече Заев.

Заев најави дека најверојатно вочетврток ќе ги има првите координации во СДСМ, а потоа и во коалицијата за да бидат донесени одлуките за техничката влада.

Се споменуваат имиња кои се многу логични, како што посочи, за министрите Спасовски и Царовска заради тоа што тие заминуваат од министерствата.

– И ние се движиме во тој делокруг, некогаш во политичките раководска се јавуваат и предлози за некој од надвор, сакаме да ги разгледаме и да ја донесеме одлуката, рече премиерот

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во јуни од страна на Министерството за здравство со цел почнување со работа на градинките беше воведен скрининг кај вработените во градинките, и тогаш немаше ниту еден позитивен случај. 

Две воспитувачки во тетовските градинки заболени од Ковид-19

Денеска директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост“ Рамије...

Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите години.

Драган Тевдовски замина од Македонија- ќе работи во Вашингтон

Поранешниот министер за Драган Тевдовски, пред неколку дена ја напуштил Македонија. Според...

Таа посочи дека Марковски јавно уште на самиот почеток на пандемијата повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со Ковид-19.

Портпаролката на СДСМ го обвини Вело Марковски: Jавно ги поткопуваше мерките за заштита од ковид 19 и ширеше страв во јавноста

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешноот обраќање пред новинарите рече...