Премиерот за медиумите откри дека во план е да оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов по Нова Година односно би требало да се одржи на почетокот на 2020 година на која, како што рече, ќе разговараат отворено и пријателски, а не да се префла, кој прв кажал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 декември, 2019 17:22

Заев: По Нова година ќе разговарам со Борисов околу негирањето на македонскиот јазик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев наденешната еко акција „Аминистрацијата чисти со Не биди Ѓубре“одговараше на прашања на новинарите. Тој одговори на прашањето за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија и посочи дека е недозволиво во 21 век да зборуваме за јазикот, за идентитетските прашања, бидејќи како што вели тие се апсолвирани прашања.

Бугарија вечерва донесе одлука дека македонскиот јазик НЕ ПОСТОИ!

Премиерот за медиумите откри дека во план е да оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов по Нова Година односно би требало да се одржи на почетокот на 2020 година на која, како што рече, ќе разговараат отворено и пријателски, а не да се префла, кој прв кажал.

-Ние сме пријателски земји и ваквите дисонантни тонови се недозволиви каде што во 21 век зборуваме за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организации. Јас го добив аплаузот и од бугарските пратеници кога зборував на македонскиот јазик во Европскиот парламент – истакна Заев.

Премиерот посети на договорот што е потпишан за соработка и пријателство со Бугарија кој е на три јазици, и дека тој е потпишан согласно Уставот, односно на македонскиот јазик.

Инаку пред неколку дена на пладневната седница БАН донесе одлука, која очигледно ја следи насоката на бугарскиот политички врв – дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

Бугарската Академија на Науките воопшто не се ни труди и да негира дека нивниот денешен став е „реакција“ на т.н. декларација на Бугарскиот врв која беше претставена на почетокот на Октомври годинава, во кој Бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Следните неколку утра ќе бидат релативно студени кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени.

Времето денеска: Сончево и посвежо со умерена облачност

Времето денес во државава ќе биде сончево и посвежо со умерена облачност. Во планинските...

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, сосема се мали условите за краткотраен локален и слаб дожд.

МЕТЕО НАЈАВИТЕ СЕ СЛЕДНИ: ТОПЛИТЕ ДЕНОВИ НЕ ЗАВРШИЈА, ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

По значително постудениот бран кој го зафати целиот регион и Македонија, и ни го донесе...

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, најпрвин од западен, а потоа од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Времето денеска: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи...