Настанот беше отворен со инсталација со училишни ранци за да им се оддаде признание и благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.

Објавил: Стојче Бушин | 5 октомври, 2020 15:43

Заев по повод Светскиот ден на наставникот: Оваа учебна година е различна од сите претходни

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Заслужени се благодарноста и почитта кон наставниците, за нивната голема посветеност со која им обезбедуваат на сите ученици образование какво што заслужуваат, дури и во услови на пандемија, вели премиерот Заев кој денеска се придружи на кампањата на МОН и УНИЦЕФ, по повод светскиот ден на наставникот!

По повод Светскиот ден на наставникот, денеска се придружив на кампањата на МОН и УНИЦЕФ – „Наставниците се важни – Учиме од вас. Ви благодариме!“, рече Заев!

По повод Светскиот ден на наставникот, денеска се придружив на кампањата на МОН и УНИЦЕФ – „Наставниците се важни – Учиме од вас. Ви благодариме!“, рече Заев!

Настанот беше отворен со инсталација со училишни ранци за да им се оддаде признание и благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.

Оваа учебна година е различна од сите претходни.

 Она што ни дава надеж е неверојатната посветеност на наставниците, нивните заложби, ентузијазам и чувство на општествена одговорност, да им обезбедат на своите ученици образование какво што заслужуваат и да направат сѐ за да им го надоместат на учениците присуството и дружбата во училниците, изјави премиерот!

Најискрено и од сѐ срце им се придружувам на пораките што учениците ги испратија до нивните наставници и упатувам срдечни честитки до сите учители и учителки, наставници и наставнички, професори и професорки, по повод денешниот ден, потенцираше Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци а заклучно со 30.10.2020 г., преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ исплатен е износ од 99.947.500 денари на стипендистите и првенците на генерацијата!

Фондацијата „Tрајче Mукаетов“ додели 39 нови стипендии за учебната 2020/21

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ тринаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти...

Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди министерката за образование и наука Мила Царовска.

Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди Мила Царовска

Министерката за образование, Мила Царовска најави дека е можно наставниците да предаваат...

За донациите од многу компании што се случуваат на локално ниво, Царовска рече дека тие во минатите две недели се во комуникација со градоначалниците за да донираат маски и ИКТ опрема.

Царовска: 87 отсто од учениците без проблем следат онлајн настава

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека 87 отсто од учениците...