Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека колку што се блиску, толку се и далеку двете партии од договор за коалицирање!

Објавил: Стојче Бушин | 10 август, 2020 19:29

Заев по средбата со Ахмети: Не можеме да кажеме дека имаме договор, разговорите продолжуваат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во Собранието денеска попладне се одржа средба меѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, како дел од преговорите за формирање на владино мнозинство!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека колку што се блиску, толку се и далеку двете партии од договор за коалицирање!

Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор со страните со кои разговараме, логично разговорите ќе продолжат следните денови и веднаш штом можеме тоа да го споделиме преку медиумите“, посочи Зоран Заев.

„Дадов коментар на директно прашање дали повикот на ДУИ да се состане со сите политички партии на темата претседател на Владата на предлог на ДУИ, да, го  чувствувам како притисок. Понатаму нема да разговарам, сакам да дадам шанса на разговорите, нормално е заради тоа што може и сите политички партии кои се претставници на неалбанските граѓани  во државата, од неалбанската  етничка заедница, значи може и тие да се соберат.

Значи, можеме ние и со претставнкици на бошњачките партии, и со ВМРО-ДПМНЕ и со турските партии и слично, треба да се вди грижа и за тоа. Ако е поводот  Охридскиот рамковен договор и СДСМ и  ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат таму“, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Според него, Владата за три месеци го зголемила јавниот долг за една милијарда евра, додека индустрискиот развој, капиталните проекти и економската размена бележат драстичен пад.

Мицкоски за новиот пакет мерки: „Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“

Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен, вели лидерот на опозицијата Христијан...

Таа смета дека Мицкоски треба да замине од лидерската позиција на легален начин, односно да даде оставка и членството да си го избере лидерот.

Исмајлоска: Ако Мицкоски е толку сигурен во поддршката, ајде нека гласа цело членство

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, која беше исклучена...

Протестот почна во 18.30 часот пред Министерството за правда, а продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи!

Мицкоски: Македонија освен мафија има народ кој си ја сака државата- овој народ го сака Делчев бидејќи е симболот на Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест се појави со црвена маичка со ликот на нашиот...

Започнуваме од денеска, но во деновите коишто следат ќе видите и други примери и други случаи на окрупнување на разни структури во рамките на опозицискиот блок.

ИНТЕГРА преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одржа прес-конференција пред партиското...