Тој додаде дека откако решенијата ќе бидат ставени во правна законска рамка ќе бидат информирани и другите претставниците на коалицијата на мнозинството и на опозицијата во Парламентот.

Објавил: Перо Милчин | 17 април, 2021 8:27

Заев по средбата со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива: Имаме усогласен договор за законските решенија за стекнување државјанство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, вчера во Собранието се сретнаа со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците.

Целта на состанокот беше доусогласување на предложените решенија и ставовите во однос на донесувањето на законските одредби за стекнување државјанство утврдени на претходната средба.

Во изјавата после средбата премиерот Заев истакна дека е усогласен договор за законските решенија и нагласи дека деталите ќе бидат соопштени откако ќе бидат ставени на хартија правните формулации на договорените решенија.

„Веднаш ќе се работи на законското решение и верувам дека најбрзо што е можно кога ќе го имаме на хартија за да го видиме, да го потврдиме, а потоа и да ги споделиме со јавноста сите детали. Исклучително и само од аспект на внимателност. Се договоривме да соопштиме дека има договор“, рече премиерот Заев во изјавата по средбата.

Тој додаде дека откако решенијата ќе бидат ставени во правна законска рамка ќе бидат информирани и другите претставниците на коалицијата на мнозинството и на опозицијата во Парламентот.

„Мислам дека се сега само денови во прашање“, рече премиерот Заев во изјавата за медиумите по средбата на владината делегација со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

На средбата, која се совпадна и со пристигнувањето на првите количини од 4.850 дози од одобрените вкупно 119.213 вакцини „Фајзер“, премиерот Заев изрази благодарност за помошта во времињата на решавање на предизвиците што ги наметна пандемијата и го оцени овој гест како голема порака за европската солидарност.

Заев на средбата со Вархеји: Европеизацијата е нашата агенда на патот кон ЕУ, а поддршката со вакцини е голем гест на европската солидарност

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера го прими еврокомесарот...

Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија.

МИЦКОСКИ: ТРУДОТ И РАБОТНИКОТ НЕ БИЛЕ НИКОГАШ ТОЛКУ ПОГАЗЕНИ КАКО СЕГА

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија...

Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради пандемијата со корона вирусот.

Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница за социјални семејства

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските...