На ваквата изјава на премиерот реагираа од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ кои преку во соопштение до јавноста побараа одговорност. ВМРО најостро ги осуди навредите и заканите на Заев кон новинарите кои го обелодениле неговиот криминал, како и навредите врз основа на сексуалната определба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 август, 2019 10:02

Заев: Пред да навредам некого упатив извинување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар, и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност“ оваа скандалозна изјава на премиерот Зоран Заев  вчера предизвика бурни реакции кај јавноста.

Премиерот Заев вчера со скандалозна изјава предизвика бура од негативни реакции кај јавноста

Веднаш по првите реакции и обвинувањата премиерот Заев преку социјалната мрежа „Твитер“ се извини на ЛГБТ заедницата и појасни дека зборот „педер“ го употребил како карактерна особина, а не да означа сексуална припадност.

– ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, напиша Заев на „Твитер“

На ваквата изјава на премиерот реагираа од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ кои преку во соопштение до јавноста побараа одговорност. ВМРО најостро ги осуди навредите и заканите на Заев кон новинарите кои го обелодениле неговиот криминал, како и навредите врз основа на сексуалната определба.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пак, побара премиерот да се воздржи од како што  оцени дискредитирање, етикетирање и дискриминирање, а ЗНМ побара од премиерот Заев тој да им се извини на новинарите.

– Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето, оцени ЗНМ, забележувајќи водно и дека „непримерниот говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од Основното јавно обвинителство информираа дека девојката Ангела Ѓ. е една од двајцата уапсени, осомничени за убиството на Пино чие тело беше пронајдено во атарот на селото Љуботен. Првоосомничениот Али Фуркан се уште е во бегство.

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре ќе се врши оценка на обвинението на убиецот на Пино, Ангела Георгиевска!

Момче со ведрина и желба за живот, мајката на Пино Маја Трпковска вака го опишуваше...

Двете страни сакаат до утре да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, кои, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Претседателот на Франција Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија...

– Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членки на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни пристигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ, истакна Заев.

Заев: Очекуваме одлука сега и веднаш, одложувањето ќе има негативни последици

По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите...