Тој додаде дека тоа е резултат на отворањето на соработката со Грција што практично значи ново, големо вложување во обновливи извори на енергија и за замена на јагленот како енергенс.

Објавил: Перо Милчин | 7 март, 2021 18:05

Заев: Преку договорот од Преспа остваривме соработка со Грција во енергетиката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Економската соработка со Грција после Преспа бележи развој кој не можеше да се замисли пред тоа“, рече во интервју за Слободна ТВ, претседателот на Владата Зоран Заев и додаде дека трансакциските советници од „Прајс, Вотерс, Хаус и Купер“, ангажирани за подготовка на договорите и меморандумите за соработка за инвестицијата што како држава ќе ја имаме во Грција се прифатени, и овие денови се очекува Владата да ги разгледа и усвои.

„Потврдени се односите и имам информација дека сугестии дадени за одредени замерки на договорите и меморандумите се прифатени. Нашата намера е да вложиме одреден процент во гасниот терминал Александрополис кој што е вреден околу 400 милиони евра, и во кој има грант од ЕУ од 170 милиони евра и во кој ние ќе партиципираме со 10%, а Грција и Бугарија партиципираат со по 25%, а останатиот дел е приватен капитал. Дополнително ќе учествуваме со 25% во гасната централа која што е веднаш до гасниот терминал и која е со капацитет од 630 до 830 мегавати, вредна преку 400 милиони евра. Колку за пример за што станува збор, еден блок на РЕК Битола е 200 мегавати“, истакна премиерот Заев за Слободна ТВ.

Тој додаде дека тоа е резултат на отворањето на соработката со Грција што практично значи ново, големо вложување во обновливи извори на енергија и за замена на јагленот како енергенс.

Не застануваме тука. Имаме нови шест инвестиции во енергетиката, меѓу кои и Митилинеос со намера да гради гасна централа во земјата. Најавени се намери за инвестиции во железницата. Има нови инвестиции во земјоделието, во индустријата на канабисот за медицински потреби. Отворени се нашите шанси за унапредување на економските односи со Грција и во други области. Тоа се перспективи за нови работни места, високи плати, и секако раст на трговијата меѓу Северна Македонија и Грција“, нагласи премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...