Александра Заева облечена во црна долга креација, на фотографијата со својот татко блеска како божица.

Објавил: Сара Фемина | 18 мај, 2019 0:00

ЗАЕВ НАЈСРЕЌЕН : Мојата ќерка МАТУРАНТКА. Јас сум среќен татко !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи сподели заеднички фотографии со ќерката Александра која годинава е матурантка.

Премиерот Заев не можеше да ја сокрие својата среќа за својата ќерка, која вечерва слави матура. Тој на социјалните мрежи објави заеднички фотографии и напиша дека е многу горд татко. Александра Заева облечена во црна долга креација, на фотографијата со својот татко блеска како божица. 

Мојата ќерка матурантка. Среќен татко!- напиша Заев.

Гордиот премиер на Република Македонија, Зоран Заев , на фотографијата заедно со својата ќерка Александра, која вечерва прослави матура во училиштето “Јане Сандански„ во Струмица.

Александра Заева на својот Инстаграм профил, пред неколку недели ги почести пријателите со преубава фотографија од нејзиното табло. Пријателите и честитаа за преубавата фотографија на која блеска како божица, но исто така и доделија многу убави комплименти.

Ќерката на премиерот Заев, Александра заврши четврта година во средното училиште „Јане Сандански„ во Струмица, а најверојатно своето образование ќе го продолжи на Медицинскиот факултет.

Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, но тие се родители и на синот Душко. 

Премиерот и неговата сопруга на 30 септмеври годинава прославија 23 години брак. Се познавале уште од деца, а врската ја започнале во средно училиште.

„Нашата љубов прерасна во врска во средно училиште, а се знаеме од многу порано. Се венчавме во 1995 година“, изјави неодамна Зорица Заева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Но денеска од страна на ЕБУ беше објавено дека настанала грешка во бодувањето, односно при гласањето.

СКАНДАЛ: Грешка при гласањето на Евровизија- Тамара Тодевска освоила повеќе бодови

На овогодинешната Евровизија која се одржуваше во Тел Авив, Израел, нашата претставничка...

На официјалната Фејсбук страна на Комити Скопје беше објавена моќна порака, за тоа како вистински треба да изгледа парадата на гордоста.

ФОТО: „Парада на Гордоста” од нашата младост вака се организира

Откако пред два дена беше соопштено дена првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата...