Инаку лидерската средба е закажана за вечер во 20 часот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2019 14:30

Заев прифати предвремени избори но во октомври другата година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во пресрет на вечерашната лидерска средба, премиерот Зоран Заев истакна дека пред се владата сака да го заокружи целиот мандат. Заев воедно открива дека и понудил на опозицијата октомври следната година да биде термин за предвремени парламентарни избори.

Премиерот Зоран Заев истакна дека предвремени избори може да има но во октомври другата година

-Јас немам дилеми за секое прашање да разговараме. Нормално, нашите ставови се се што е интерес на државата. Мислиме дека е ова навистина неповторливо позитивно време за нашата земја во кое очекуваме датум за почеток на преговорите, полноправно членство во НАТО. Треба да дадеме шанса и на правната држава и на економијата пред се и над се и затоа реков дека треба да тераме до крај на мандатот. Тие побараа предвремени избори, мојот коментар беше „ОК“ нека бидат крајот на октомври 2020 година, оти реално декември е навистина зима – изјави Заев за Фокус.

Инаку лидерската средба е закажана за вечер во 20 часот.

На лидерската се очекува да биде постигнат финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство, односно да се реши судбината на Специјалното обвинителство.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори кои според него, биле неизбежни.

Предвремени избори за премиерот Зоран Заев не се посакувана опција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Висината, сумата на надоместокот не се открива бидејќи е службена тајна и се исплатува врз основа на доверливи договори потпишани со сите чија задача е преслушување на бомбите, односно нелегално снимените телефонски разговори.

КОД открива: Јанева земала плата од 105.000 денари плус таен надоместок, Јовевски 80 илјади денари

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале...

Во Кавадарци не издржала ниту 2 часа, а во Неготино целосно исчезнала за 24 часа, а за Прилеп до сега нема информација дали револтираните граѓани извршиле герилска акција.

Двојазични табли во Неготино, Кавадарци и Прилеп – ВЕТУВАЊЕТО НА ЗАЕВ НЕ ВАЖИ!

Покрај Неготино, двојазичните табли биле поставени на Фондовите за пензиско и инвалидско...