Со постоечките закони тоа е можно да се направи, Судскиот совет има механизми да провери кој застарувал предмети и има право да разрешува и казнува.

Објавил: Стојче Бушин | 13 септември, 2020 15:26

ЗАЕВ: Прочистувањето на судството е еден од главните приоритети во новиот мандат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и во тој процес важни ни се сите – институциите, медиумите, граѓаните, сите алки во општеството, вели старо-новиот премиер на Република Македонија, Зоран Заев!

Прочистувањето на судството е еден од главните приоритети во новиот мандат. Ефикасноста на судството мора да се подобри, не смее да се дозволи предмети да застаруваат, вели Заев!

Со постоечките закони тоа е можно да се направи, Судскиот совет има механизми да провери кој застарувал предмети и има право да разрешува и казнува.

Во новиот Закон за јавно обвинителство се содржани сите решенија за сите отворени случаи, но и истраги. Ако во судска постапка преку докази и аргументи се докаже вина, ќе одговара секој, но ако нема докази, нема аргументи, тогаш тој не е виновен, изјави премиерот Заев!

Ако некој прекршил закон, следува затвор, за неетичкото однесување, следува оставка. Ред, правда и дисциплина мора да има и мора да има пресуди за сите предмети. Тоа го очекуваат граѓаните, тврди Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада и преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзулантните преставништа на Македонија во Германија!

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада

Македонците со престој во Германија се жалат на услугите на македонската амбасада...

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од соработката меѓу двете земји, како и за организирањето на посетата на Зоран Заев на Бугарија!

Борисов до Заев: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Македонија

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од...