Лидерската средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера траеше повеќе од 7 часа. Пред средбата сите беа оптимисти, но договор нема. Нема ни инфомација дали е закажана уште една средба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2019 11:23

Заев: Разочаран сум од исходот на лидерската средба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашната неуспешна лидерска средба која траеше до доцна во ноќта, премиерот Заев во изјава за Телма истакна дека е разочаран од исходот.

Разговорите Заев – Мицкоски кои траеа повеќе од 7 часа завршија без исход

-Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме, рече Заев додавајќи дека  правда и правна држава мора да има и ќе има.

Според него  предметите од СЈО ќе продолжат да се процесуираат. 

Лидерската средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера траеше повеќе од 7 часа. Пред средбата сите беа оптимисти, но договор нема. Нема ни инфомација дали е закажана уште една средба.

На синоќешната средба тимот на СДСМ предложил да се формираат две обвинителства – обвинителство за висока корупција и да ги гони именуваните функционери, а шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата и Обвинителството за гонење наорганизиран криминал останува. Ова за ВМРО-ДПМНЕ било неприфатливо.

Во новото обвинителство, било предложено, да влезат сите обвинители од СЈО. Предлогот на Заев значи и тоа дека ова ново обвинителство би требало да почне да функционира по парламентарните избори, а тоа значи дека случајот „Рекет“ останува во надлежност на Вилма Русковска од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се работи за компанијата Блацион регистрирана во Буграија, во која содружници се и двајца италијански државјани. Испраќачот е фирмата „Дентиче Пантелоне” од италијанскиот град Авелино.

Директорот на Дрисла внесувал сомнителен отпад од Италија

Софиска фирма на Двајца Македонци Блаже Игнатовски и Горан Ангелов се најде под истрага...

Тој истакна дека во моментов барем еднаш неделно партиските работни групи имаат средби за Изворниот законик, а разговараат и за Законот за ЈО.

Заев: Ќе седнам и со Мицкоски ако треба за да го донесеме Законот за Јавно обвинителство

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Утре е Богојавление- сите немажени девојки треба да замесат тесто

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според...

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Уапсениот “Пинк пантер“ во Тетово – ГО ИЗВРШИЛ ГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО ПРО-КРЕДИТ БАНКА ПРЕД 10 ГОДИНИ

По 10 години бегство, лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на “Прокредит банка“...