
Македонија
Економија
При посетата на Општина Желино, на новинарско прашање во врска со растот на БДП, премиерот Зоран Заев изрази убедување дека проектираниот раст ќе биде постигнат.
„БДП е проектиран на годишно ниво од 3.2% и ние ќе го постигнеме. Единствено каде што паѓаме од сите параметри е ниско градбата. Тоа е поради автопатиштата, неиспорачаните односно неизведените работи, пред сѐ од „Синохидро“, пред сѐ патот Кичево – Охрид, заглавеноста на проектот Миладиновци – Штип, Трансмет и други компании.
Кога ги земате параметрите, колку тие компании работеле лани во првиот квартал споредено со оваа година, тие паднале поради самите проблеми во проектите.
-Високо градбата во градежништвото расте. Енергетиката, индустријата, земјоделието – се со раст од 6, 7, 8 и 10 отсто. Извозот во Република Македонија е зголемен за 14,3 отсто во евра, во долари како паралела е повеќе од 31 отсто. ДДВ наплатата, од 1 јануари до 31 мај 2018, во споредба со 2017, е зголемена. ДДВ-то е доказ за економската активност во државата“ – истакна премиерот Заев.
Премиерот рече дека данокот на добивка и персоналниот данок се зголемени, но економијата живее во Македонија.
„Го знаете податокот – 235 милиони евра, тоа е квартал со најголем број на странски инвестиции од 2007-ма година наваму. Сите овие параметри се за почит. За нас се потврда дека сме на вистинскиот пат“, истакна премиерот Заев, додавајќи дека Владата е посветена на квалитетни инфраструктурни проекти, кои ќе донесат раст, очекувајќи импулс за раст на странските инвестиции со напредокот во евро-интеграциите и повеќе пари кај граѓаните.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.