
Македонија
Вести
„Нарушен и е угледот и ете, сами треба да бидеме свесни каде можеме да завршиме поради невнимание. Гледате како бев насанкан од пранкери. За мене никој не е виновен додека тоа не се докаже, а можете да обвините било кој, но истрагата треба да покаже. Суштината на обвинувањето е дека Јанева е користена при изнудувањето, ама тоа треба да го покаже истрагата. Стојам зад институциите секогаш”, рече Заев.
Заев случајот со Јанева го спореди со оној во кој на него му се јавиле пранкерите
Во врска со случувањата за случајот „Рекет” и поврзаноста на специјалната обвинителка, Катица Јанева на денешната прес-конференција премиерот, Зоран Заев посочи дека нема да коментира за вината на Јанева се додека не заврши постапката. Премиерот изрази дека верува во правосудниот систем и во тоа дека судот, ОЈО и СЈО заслужуваат поддршка.
„Верувам во нашиот систем, пред се во правосудниот систем, во судот, во ОЈО, во СЈО, затоа што е систем кој функционира и законот важи подеднакво за сите. Овие институции заслужуваат поддршка. Реков дека транспарентноста е најголемиот реформски процес кој сите треба да го направиме. Она во кое што верувам е дека секој кој се огрешил и за кој постојат докази, треба да одговара и ќе одговара. Случаите се процесоираат и се работи по нив. Сакам да ги охрабрам сите носители на функции дека не должат никому ништо туку само им должат на граѓаните и треба да делат правда”, изјави Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.