Зоран Заев истакна дека припадниците на републичките сили за заштита кои помагаа во Албанија по катастрофалниот земјотрес ја заслужуваат нашата највисока почит и поддршка за нивната стручност и храброст.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 декември, 2019 10:32

Заев: Републичките сили за заштита кои помагаа во Албанија заслужуваат највисока почит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека припадниците на републичките сили за заштита кои помагаа во Албанија по катастрофалниот земјотрес ја заслужуваат нашата највисока почит и поддршка за нивната стручност и храброст.

Скопските пожарникари беа на помош во Албанија каде непрестано работеа трагајќи по преживеаните

-Од име на сите граѓани на нашата држава, сакам да упатам неизмерна благодарност кон републичките сили за заштита и спасување, кои координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, беа присутни во најпогодените подрачја во Албанија од катастрофалниот земјотрес.Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963. Тогаш со помошта на нациите од целиот свет го изградивме повторно главниот град.Припадниците на републичките сили за заштита ја заслужуваат нашата највисока почит и поддршка за нивната стручност и храброст – напиша Заев.

Инаку Македонија во Албанија испрати тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР кои помагаа за пребарување на теренот и четири лица од Црвениот Крст на РМ.

Тимот беше координар од Дирекцијата за заштита и спасување, која ги презема сите потребни организациони подготовки за испраќање помош на настраданото население. Освен тимот, ДЗС испрати и 11 возила со специјализирана опрема за спасување и расчистување на теренот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира земјава на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители

СИРОМАШНА, НО ПРИБИРЛИВА: Македонија меѓу рекордерите во фрлање храна

Македонија сиромашна но прибирлива, граѓаните и покрај тоа што се жалат за сиромаштијата...

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година, парите за првите три месеци ќе бидат на сметките во декември.

Проверувајте си ги сметките – парите за скенирање на сметки ги имате на вашата трансакција

На вашите сметки треба да очекувате поврат на 15 осто од ДДВ. Средставата на повратот...

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...