Претседателот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев од Маршот за правда порача дека сега правосудството е на потег, откако Собранието донесе лепеза на закони.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 февруари, 2020 19:44

ЗАЕВ свесен дека ќе загуби, го фати ЛУДИЛО НА БИНА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Собранието вечерва тргна „Маршот за правда“ кој го организира СДСМ. На чело на маршот е партискиот лидер, Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев од Маршот за правда порача дека сега правосудството е на потег, откако Собранието донесе лепеза на закони.

Министерката за правда, Рената Дескоска, не учествува на маршот „Чекориме за правда“ што денеска околу 18 часот почна пред Собранието, а го организира партијата СДСМ.

СДСМ вечерва маршира со барање за правда во државата, откако пратениците вчера го изгласаа Законот за јавно обвинителство. 

„Собранието вчера отвори ново поглавје во правосудството“, рече Заев.

„На обвинетите ќе им се суди врз база на докази. Нема скриена амнестија за никој, ниту за стари, ниту за нови случаи. Нашиот народ е желен за брза правда“, изјави Заев.

-Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не ви можат ништо, на вас е почитувани обвинители да ја испорачате правдата на нашата држава. Затоа денеска чекориме, затоа што сакаме правда во нашата земја, таа доаѓа бавно, но доаѓа- рече Заев. Ќе се бориме за слобода и демократија. ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски од вчера се засекогаш поразени.

-Нема скриена амнестија, секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност, нашиот народ е желен за правда, за правична правда, Сега на ред се ЕУ и земјите членки- рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...