Заев упорно инсистира на датум за преговори иако нема реален успех

Објавил: Узунов Бобан | 8 јуни, 2019 11:18

Заев се клади дека ќе имало датум за преговори, ама не кажува кога !

Фото/Текст извор: ©магазин

Јас не посакувам избори, но може да случат, ама тие ја затајуваат економијата, рече премиерот Зоран Заев на гостувањето на Македонската радио-телевизија.

-Ќе работиме на одговорност на сите, да се подобриме како општество, а тоа е мотивирано од интеграциите. Се кладам дека ќе добиеме датум за преговори. Оваа мотивација ни треба сега, ова лето, рече Заев кој посочи дека има неколку опции доколку нема датум како врашање на мандот, нов мандатар, повторно тој да биде мандатар.


Заев продолжува со заканите кон претставниците на ЕУ дека доколку не добие датум за преговори ќе има дестабилизација во Македонија. Наместо да превземе одговорност за неуспешно спроведените реформи во судството и јавната администрација, вината ја префрла кај ЕУ државите.


Деновиве, пак, Заев рече дека недобивањето датум за преговори летово би значело политичка нестабилност во Македонија и можни предвремени избори кои би ги засилиле националистичките и популистичките сили.

Заев на гостувањето говореше за одговорност на Европа, и побарада се постави сериозно кон оние што исто така постапиле.

Премиерот, заедно со министрите за труд и социјална политика, за здравство и за информатичко општество и администрација, Мила Царовска, Венко Филипче и Дамјан Манчевски, на МТВ зборуваа за владините политики во овие сфери.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...