Премиерот додаде дека очекува ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година да биде исполнето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 12:28

Заев: Се надеваме на датум за преговори во октомври, очекуваме исполнување на ветувањето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Датум за преговори се очекува овој октомври, истакна денеска премиерот Зоран Заев за време на работниот појадок на Самитот за Западен Балкан во Познањ.

Премиерот Заев истакна дека очекува датум за преговори овој октомври

Премиерот додаде дека очекува ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година да биде исполнето.

Заев истакна дека реформите во ЕУ, можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот.

-Таквата одлука ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ во регионот и ќе биде препорака за земјите со кандидатски статус да ги продолжат реформите за остварување на европските стандарди и за да се охрабрат политиките што ќе им донесат просперитет, демократија и стабилност во регионот. Ја разбираме и ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот, истакна во своето обраќање премиерот Заев.

Заев потенцира и дека посветеноста кон проширувањето ќе потврди дека регионот е од стратешки интерес за ЕУ, и оти со тие политики ќе се минимизираат интересите на трети страни.

Премиерот Заев и другите шефови на влади учесници на самитот, беа пречекани од премиерот на Република Полска Матеуш Моравјецки, по што заминаа на работен појадок.

-За време на оваа работна сесија од форумот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан, премиерот Заев се заблагодари за претседавањето на Република Полска со Берлинскиот процес, во период во кој е направен напредок во регионот и во период кога Република Северна Македонија ги оствари сите препораки на Европскиот Совет од јуни 2018 година, по што следуваше досега најсилната и безусловна препорака на Европската Комисија земјата да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ, се додава во соопштението од владината прес-служба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести