Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме заедничка иднина. Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 ноември, 2020 12:20

Заев се оправда за скандалозното интервју: “Дајте да живееме денеска“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пемиерот Зоран Заев денеска изјави дека ги разбира реакциите на социјалните мрежи по неговото интервју дадено за бугарската агенција БГНЕС, но вели дека историското минато не треба да не ограничува во трасирањето на патот кон европската иднина.

Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детал.

Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија.

И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање и за простување.

Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат. Заради иднината. Заради заедничката иднина во Европската Унија која е пример како во име на иднината, најдлабоките разлики и историски конфликти беа оставени во минатото.

Тоа е мојата најдобра намера и таа намера постојано ќе ја застапувам додека постои и најмала шанса за решенија и за успех на нашиот процес за членство во ЕУ со старт на преговорите.

Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот.

Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија.

АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет.

Но, давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или било кој друг контекст.

Темните страници од балканската и европската историја не треба да бидат пречка за развивањето на добрососедските односи на Балканот и Европа.

Иако постои затоплување на односите меѓу Југославија и Бугарија по учеството на бугарските армии во борбата против фашистите, по 1948 година факт е дека постоеше „железна завеса“ помеѓу Југославија и Бугарија и сериозни историско-политички конфликти околу „македонското прашање“.

Денес треба да работиме на отстранување на последиците од „железната завеса“ кои сѐ уште се осеќаат меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Историјата треба да нѐ учи дека можеме и поинаку, дека можеме и подобро, дека треба да соработуваме, но и меѓусебно да ги почитуваме разликите помеѓу нас.

Само со почитување на разликите и заедничка борба против говорот на омраза и нетолеранција во македонското и бугарското општество, можеме да градиме добрососедски односи и заедничка иднина.

Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме заедничка иднина. Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост.

Дајте да живееме денеска. Време е да создаваме историја која создава иднина за младите и за идните генерации, потенцираше Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...