Во дискусијата за измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, опозицијата обвини дека тие требало да се донесат многу порано, дека власта иако ветила не донела нов Закон за здравствена заштита, дека со овие измени не се исполнети сите услови кои ги барале специјализантите и не е почната изградбата на новиот Клинички центар.

Објавил: Весна Петровска | 27 декември, 2019 18:25

Заев се пофали: ИЗГЛАСАНО! – Повисоки пензии од следната година

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Изгласан е Законот за зголемување на пензиите во Собранието! Ова вечерва го напиша премиерот Заев на Фејсбук.

– Победа за 320.000 пензионери, коишто од следната година ќе добиваат повисоки пензии од 700 до 900 денари месечно. Тоа ќе биде дополнителен приход за секој пензионер просечно за 10.000 денари годишно, напиша Заев на Фејсбук.

Исто така Собранието ги усвои и измените и дополнуцвањата на законите за здравствена заштита, за данокот на личниот доход и за службата во Армијата.

Премиерот во заминување се пофали на социјалните мрежи дека се зголемени пензиите.

Во дискусијата за измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, опозицијата обвини дека тие требало да се донесат многу порано, дека власта иако ветила не донела нов Закон за здравствена заштита, дека со овие измени не се исполнети сите услови кои ги барале специјализантите и не е почната изградбата на новиот Клинички центар.

Пратениците од владеачкото мнозинство на обвинувањата одговорија дека многу голема штета е нанесена со овој закон кој претходно е донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а дека власта сега ги консултирала сите инволвирани и оттука произлегуваат овие суштински измени.

Пратеникот Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека 400 лекари си заминале од јануари до октомври годинава. Тој посочи дека треба да се направи квалитетен закон за здравствена заштита и дека ќе поднесат измени со кои уште повеќе ќе се подобрат одредени состојби за лекарите. Според пратеникот Владимир Ѓорчев, пак, од октомври до крајот на месецот бројот на лекари кои си заминале од државата ќе достигне 500.

Во реплика на пратеникот Манчев, пратеничката Катерина Кузмановска од СДСМ истакна дека Владата ги сослушала Лекарската комора, синдикатите на здравствените работници, сите категории здравствени работници, вклучувајќи ги и барањата на специјализантите, на кофинансираните специјализанти, на лекарите специјалисти и како резултат на тоа произлегле суштинските измени во Законот за здравствена заштита.

– Се надевам дека со овие измени излегуваме во пресрет на специјализантите и кофинансираните специјализанти кои за жал склучуваа толку различни договори со јавните здравствени установи и го доведовте во ситуација воопшто да не се мотивирани да останат тука, затоа што потпишувањето на лихварските договори кои ги укинавме во претходните измени на Законот за здравствена заштита повторно е една од мотивациите кои ги правиме за да можат овие здравствени работници да останат тука. Овие измени овозможуваат и регулирање на специјализациите и субспецијализациите, рече Кузмановска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка.

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Централна

Ви го претставуваме кредитниот пакет “Доверба” на Централна кооперативна банка...

Според Анѓушев, кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години.

АНЃУШЕВ: Коронавирусот донесе поголема криза од онаа пред 10-тина години!

Во емисијата Клик плус на ТВ 21, поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев...