И Радмила и јас добро знаеме дека нови успеси се можни само со нови идеи и кадри кои црпат поддршка и знаење од сениорите!

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 мај, 2021 5:53

Заев се прости од Шеќеринска: “Во најтешките години земјата ја извадивме на прав пат”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по одржаниот конгрес изјави дека имаат кадровски освежувања, и дека државата ја изнеле на прав пат. Со изборот на Сања Лукаревска за нов заменик на СДСМ, рече дека испраќаат порака дека даваат шанса на младите.

Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ, се вели во честитката на сега веќе бившата заменичка на претседателот на партијата, Радмила Шекеринска.

Честитки и за реизбраните. Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани. Да живее СДСМ!- објави Шекеринска на Фејсбук.

Упатувам огромна благодарност до нашата другарка Radmila Sekerinska, мојата заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат, рече Заев!

Заедно се боревме против огромно зло, заедно се радувавме на историските успеси. Нејзината посветеност, темелност, аналитичност и самокритичност се пример за сегашните и идните социјалдемократски генерации.

И Радмила и јас добро знаеме дека нови успеси се можни само со нови идеи и кадри кои црпат поддршка и знаење од сениорите.

Ова не е збогување, ова е реорганизација. Радмила продолжува со сите нас, до нови големи успеси за граѓаните и за државата, потенцираше премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.