Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Објавил: Перо Милчин | 26 октомври, 2021 5:51

Заев се фали дека платите растат, а граѓаните тонат во сиромаштија

Фото/Текст извор: ©магазин

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денари, според СДСМ!

Тоа значи зголемување од 4% во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Зголемување на просечната нето плата е регистрирано и во однос на месец јули годинава, кога платата изнесувала 28.540 денари.

Зголемувањето се должи како што вели СДСМ, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 %) и Други услужни дејности (12.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5 %), Уметност, забава и рекреација (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 %).

Согласно статистика, највисока просечна нето плата е регистрирана во секторот информации и комуникации, потоа следат финансиски дејност и дејности на осигурување.

Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Доколку последниот податок го споредиме со август 2017 година кога просечната плата била 22.912 денари, разликата е 5.730 денари.

Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20 % до 30 % сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Сулејмани кажал дека прво се слушнал удар во банкината, па потоа експлозија, најверојатно од гумата, по што пожарот започнал брзо да се шири од предниот дел. И покрај тоа што бил повреден, тој им помагал и на неколкумина други патници што побрзо да излезат од опожарениот автобус.

Очевидци за последните минути од несреќата – како се спасија седум патници од автобусот

Во тек е истрагата за несреќата во која загинаа 45 патници, а седум лица се повредени...