
Македонија
Вести
Во најновата видео снимка која вчера беше објавена на Јутјуб каналот, на која наводно се слуша како поранешниот премиер и градоначалник на Струмица Зоран Заев бара мито односно договара купопродажна зделка на државно земјиште во Струмица а на заинтересираниот купувач му се жали од скопјани.
-Јас си знам, душичката ми ја извадија. Јас сум за нив селак од Струмица дојден таму. Јас планирам да победам на тие избори а треба и вие да знаете да ја искористите таа позиција премиер од Струмица, вели Заев, во најновата снимка објавена од новинарот Зоран Божиновски.
Се уште не е обелоденето дали објавената снимка која вчера осамна на Јутјуб е целата снимка од случајот „Поткуп“ во кој поранешнот градоначалник на Струмица Зоран Заев беше ослободен.
Во новата бомба Зоран Заев бара мито а се работи за истиот случај кој беше објавен пред шест години во 2014 година.
Тогаш поранешниот премиер ја вршеше функцијата градоначалник на Струмица а бараше едно евро по квадрат за легализирано земјиште да се однесе кај неговиот брат Вице и едно евро во црквата.
Аудиото на Јутјуб каналот го објави Зоран Божиновски.
Така, Сичевалиев според упатството од Заев е упатен да плати по метар квадратен земјиште цена од 70 денари за државата и општината, ама и плус ДВЕ ЕВРА од кои ЕДНОТО Е ЗА ЦРКВАТА, А ДРУГОТО КАЈ ВИЦЕТО ВО МЕНУВАЧНИЦА. Од оваа снимка во јавноста беше емитуван само делот кога се зборува за еврата, снимката на суд е компромитирана како доказ, па судијата ДАРКО ТОДОРОВСКИ и подоцна Апелационен суд го ослободуваат ЗОРАН ЗАЕВ од вина во предметот ,,ПОТКУП,,. Како награда за судијата што го солободува ЗАЕВ; неговиот роден брат ЈОРДАН ТОДОРОВСКИ е вработен во Царинска управа НА КОМПЕНЗАЦИЈА, пишува Божиновски под видеото!
Инаку, за овој случај премиерот доби ослободителна пресуда од судот.
Делот каде Заев се жали од скопјани може да го слушнете во 16 минута од видеото…
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.