Извори за БЕСА од Сител уште вчера потврдија дека владина коалиција помеѓу СДСМ БЕСА ДУИ и ДПА ќе биде објавена овие денови.

Објавил: Стојче Бушин | 12 август, 2020 14:11

Заев собра 61 пратеник, Пендаровски утре ќе го додели мандатот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Шефот на државата утре на пладне ќе гододели мандатот за составување на Влада, откриваат извори за Сител. Одлуката на Пендаровски тоа да го направи ден пред истекот на рокот може да се толкува дека веќе е псотигната начелен договор за владина коалиција и парламентарно мнозинство од 61 пратеник.

Претходно Пендаровски и собранискиот претседавач Талат Џафери влегоа во дебата дали претседателот има право да го додели мандатот во услови кога не е завршена конститутивната седница и нема избор на нов собраниски спикер. Шефот на државата донел одлука за доделување на мандатот откако лидерон на СДСМ Зоран Заев го известил написмено дека обезбедил подршка од 61 пратеник. 

За сега ниту Заев ниту од ДУИ не одговараат на повиците дали синоќа бил постигнат договор за нова владина коалиција.
 
Извори за БЕСА од Сител уште вчера потврдија дека владина коалиција помеѓу СДСМ БЕСА ДУИ и ДПА ќе биде објавена овие денови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Македонците се разединети и сите ние, политичарите, но и сите партии, имаат учинок и одговорност за тоа. ВМРО има зад себе историски пропуштени шанси, поделби, расколи, но се случувале и обединувања.

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на нашиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ...

„Актуелен беше Клиничкиот центар. Тоа е проект за еднаш во 100 години. Вреден е 500 милиони евра според физибилити студијата од 2014 година од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот

„Јас сум да постигнеме консензус. За 10%, за 20%, за 30% од прашањата. Тоа ќе ја забрза брзината...

Според податоците, станува збор за група за која полицијата подолго време работи на разбивање на ланецот наркотици.

Голема акција на МВР во Гевгелија, запленета голема количина на дрога

Во Гевгелија во тек е акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога. Неофицијално...