Тој истакна дека работниците се најважниот капитал и во компаниите и во државата. Тој истакна дека Владата поради работниците се развиени мерките за помош на компаниите за д ане мора да се отпуштаат од работа во време на корона.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2020 12:20

Заев со апел: Сите компании што можат, да исплатат регрес за годишен одмор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес-конференција со помошникот државен секретар за енергетика на САД, Францис Фанон во Владата, премиерот Зоран Заев апелираше до компаниите што имаат можност, па дури и оние што покажуваат загуба да исплатат регрес за годишен одмор.

-Ние сме Влада за работниците и уште еднаш апелираме секоја компанија која што има можност, дури и оние коишто покажуваат загуба да исплатат регрес за годишен одмор односно познатото К-15 заради тоа што дефинитивно работниците се трајното добро и за компаниите, но и за државата. Уште еднаш Законот и самите колективни договори  регулираат дека кога компаниите покажуваат загуба тогаш нивната задолжителност паѓа, но имаме компании што оваа  година ќе покажат загуба, но и имаат добра акумулирана добивка од претходните години или знаат дека веднаш загубата од 2020 има сериозен потенцијал да биде покриена во 2021 година, рече Заев.

Тој истакна дека работниците се најважниот капитал и во компаниите и во државата. Тој истакна дека Владата поради работниците се развиени мерките за помош на компаниите за д ане мора да се отпуштаат од работа во време на корона.

Владата разви цела лепеза на мерки како да ја зајакне приватната потрошувачка да пушти повеќе пари не само преку куповните картички што ги даваме, туку преку помагање на компаниите заради платите и стабилноста на платите, но и сите други мерки што ги развиваме затоа што не само што им треба помош на граѓаните, а тоа се и работници во државата, туку и треба севкупна помош  на македонската економија што можеме на многу убав начин да ја зголемиме преку привната зајакната потрошувачка, истакна премиерот Заев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...