Тој потенцираше дека одговорност мора да има. После толку криминални афери и мега скандали некој мора да одговара од врвот на власта.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 април, 2021 3:40

Заев со легални институции владее мафијашки, 6 крупни афери објавивме, мафијата мора да се порази

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното издание на “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на сенародно обединување за конечна победа на мафијата која владее последните четири години. Мафијата си има држава во Македонија, рече тој и таа мафија мора да се порази за да заживее демократијата, правото и правдината во земјата и граѓаните да се осеќаат слободни.  

-Овие луѓе од власта склучиле коалиција со кримниналот. И со време станале такви ако и претходно не биле. И сега ние имаме структура на мафија која што владее со институции во државата, нема пострашно од тоа. Тие со легални институции владеат на мафијашки начин. Затоа кога зборам дека ни треба општествена поддршка, народно и сенародно обединување, не го зборам тоа само семантички и емотивно, го зборувам тоа затоа што така мислам. Затоа што тоа е решението оваа мафија да се победи, а потоа да има одговорност. На друг начин не може. Се што е поинаку е само обид да се опструира целиот процес, посочи Мицкоски .

Тој потенцираше дека одговорност мора да има. После толку криминални афери и мега скандали некој мора да одговара од врвот на власта.

-Затоа велам еве ние како опозиција гледаме и објавуваме 6 скандали на мега корупција, кои што ги обработивме, одработивме во јавност и ги предадовме на одговорност, а резултати нема. Затоа мора мафијата да се порази, дециден е Мицкоски.       

Некаде околу 115 милиони евра е дефицитот односно новиот долг за само три месеци и тоа е некаде од прилика за 13.500 денари задолжено секое едно семејство или за 220 евра за секое семејство за само три месеци. На сметка на тоа капиталните инвестиции се некаде околу 55, 56 милиони евра и тоа е без пакетот помош од петтиот пакет кој што требаше да биде за февруари и март кои што се двата месеца од првиот квартал, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Мицкоски, нагласи дека економската ситуација е страотна додавајќи дека над 55.000 лица ги изгубиле своите работни места.

Ама не е само тоа, вие имате индустриско производство кое што во првите два месеца споредбено со првите два месеца од претходната година кога уште немаше криза е помало за 12 проценти. 12 проценти е помало. Имате околу 4 проценти помалку вработени лица во индустријата. Страотна е ситуацијата. Имате 55.000 луѓе кои што ги изгубиле своите работни места, имате нови дополнителни 3 денари акциза на нафтата од пред некој ден и затоа поскапи дизел горивото, имате за 25, 30 проценти поскапо масло за готвење. На секој чекор имаме страотна ситуација, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски додаде дека додека народот трпи за леб, функционерите си ги полнат џебовите.

Ова се кога ќе го ставите на куп, ние за многу кратко време ќе отидеме преку 85, 90 проценти задолженост. Тоа значи дека ликвидноста на Македонија ќе биде нарушена и за прв пат можно е да се доведеме до ситуација да имаме макроекономска нестабилност.  Среќа што банкарскиот систем, среќа што можеби има разумни луѓе се уште во Народната Банка и претпоставувам ќе ги вразумат и ќе им кажат дека вака работата не иде. И за нив може ова се да е супер и блескаво и да се полнат нивните приватни џебови, но народот нема леб да јаде. И треба да се свестат дека народот нема леб да јаде, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.