
Македонија
Вести
Четворица полициски службеници се повикани на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврдија од МВР. Неофицијално, полицајците се повикани да дадат исказ под сомнение дека оддавале тајни податоци, прибавени од посебни истражни мерки.
Според одредени информации станува збор и за нелегалното објавување на снимката во врска со случајот „Поткуп“, во кој, наводно, е вмешан лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Од Јавното обвинителство не потврдуваат за какво дело станува збор и велат дека се работи за предистражна постапка и дека полициските службеници се приведени на разговор, а не се уапсени. По информациите дека полиските службеници се наводно од тимот на Наќе Чулев, а вработени во Бирото за јавна безбедност техничкиот министер за внатрешни работи се огласи со демант на својот фејсбук профил.
Министерот Чулев со ДЕМАНТ: Не се тоа луѓе од мојот тим!
„Станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна“, напиша Чулев на својот фејсбук профил.
Во Кривичниот суд во Скопје се води процесот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
По кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во јуни 2015 година поднесе обвинителен акт против Заев.
Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163 924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, едната половина од партите била за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
На рочиштето за оцена на обвинителниот акт, што се одржа во јули 2015 година, одбраната го оцени обвинението како контрадикторно, правно неиздржано и тенденциозно.
„За да стане збор за обвинение за поткуп, треба да биде примен подарок. Одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не е дејствие што е во рамките на службените овластувања на Заев како градоначалник, туку е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно-правни работи. Очигледно е дека при поднесувањето на обвинението имало тенденција осомничениот да се товари за што потешка правна квалификација“, рече адвокатот Филип Медарски.
Застапник на обвинението беше јавниот обвинител Владимир Милошевски, кој сметаше дека постојат доволно докази за Судот да донесе осудителна пресуда за Заев.

На 21 Мај 2018 година откако Заев Зоран постана премиер тој беше ослободен од обвинението за „поткуп„.
Кривичниот суд во Скопје го ослободи од обвинение премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“. Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. Според пресудата, обвинителството не успеало да докаже дека Заев го сторил делото.
Премиерот Зоран Заев беше ослободен од обвинението за случајот „Поткуп“. Судијата Дарко Тодоровски, при изрекувањето на пресудата во Кривичниот суд, рече дека јавниот обвинител не докажал оти Заев го сторил кривично дело за кое се товареше.
На претходните рочишта јавниот обвинител побара делото да биде преквалификувано од примање во барање поткуп, по што судијата ги отфрли доказите во случајот прибавени преку посебните истражни мерки, односно видео-снимките и телефонските разговори. За делото барање поткуп, согласно законот, Тодоровски порача дека не може да бидат спроведени посебни истражни мерки.
Заев рече дека очекувал ослободителна пресуда.
„Веројатно како за секој граѓанин при изрекување на пресуда, така и за мене трауматичен е моментот. Но, сум среќен поради тоа што добив ослободителна пресуда. Среќен сум поради тоа што конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда. Му го посакувам тоа на секој граѓанин на Република Македонија при независно судство и транспарентни постапки како што беше оваа мојата за предметот „Поткуп“, поради тоа што само така Република Македонија може да биде нормална земја“, рече Заев.
Заев во „Поткуп“ беше обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште. На едно од рочиштата кое беше затворено за јавноста беше презентирана и целата снимка на која Заев разговара со Сачевалиев, а чиј дел претходно беше објавен на Јутјуб.
Заев рече дека тој не ја поседува снимката и би сакал целата да биде објавена во јавноста.
„Само некако да ја добијам. Апелирам институциите што ја имаат да ја објават. Јас ја немам. Со самата објава на снимката ќе можев до крај да го обелам мојот образ“, порача тогаш Заев се појави и целосната снимка каде што се гледа точно дека Заев барал поткуп.
Заев тврдеше дека бил наместен од тогашните власти со цел да се спречи објавувањето на таканаречените бомби од прислушуваните разговори. Доколку беше прогласен за виновен Заев се соочуваше со казна затвор од 1 до 5 години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.