
Македонија
Вести
Уставните измени преку амандмани се последниот паравам зад кој се крие немилосрдниот план на Заев, Османи и Димитров за челосно бришење на Македонската држава од историјата на човештвото, како и формирање на нова во која нема да постои Македонска нација.
Имено т.н. козметички промени на Уставот на Република Македонија согласно Преспанскиот договор, најмалку се тоа.
Првенствено станува збор за промена на Преамбулата, што е вовев во највисокиот правен акт на државноста но и измена на над 55 члена на Уставот со над 350 интервенции.

Македонија со само четирите амандмани на Заев, по непожено одобрување на новиот Устав ќе биде нова, најмлада држава во светот.
Република Северна Македонија ќе биде творба на државно уредување во кое нема да живее Македонската нација и нема да се говори и користи Македонскиот јазик и Македонското писмо.
И тоа е јасно уредено во Преспанскиот договор, со кој Грција (со договорот со Бугарија тој процес е веќе започнат) ќе ни ја уредува историјата до степен на модерен егзодус.
Дека Заев лаже за идентитето како и јазикот, говори фактот што согласно Преспанскиот договор, на секоја именка или придавка Македонија ќе мора да се додаде зборот Северна.
Со Уставот ние уредуваме многу нешта, па така
Член 19
Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.
Со оваа измена, без разлика на интерните канонски одлуки на МПЦ – ОА, таа ќе мора да биде преименувана во Северномакедонска православна црква, што и се наговести со барањето на Цариградската патријаршија да се нарекува само Охридска архиепископија.

Член 28
Одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин. Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.
Овој момент на изненадување го видовме во неколкуте гафови на армијата на САД во Европа која не само што знае дека АРМ ќе се премиенува во Армија на Република Северна Македонија, туку и нејзиниот состав ќе се именува како северномакедонски војници или вооружени сили.
Член 36
Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.
Посебните права се уредуваат со закон.
Со интервенцијата во АСНОМ кој ја уредува борбата на Македонскиот народ, по автоматисзам си интервенција во член 36 од Уставот овие лица и нивните привилегии ќе бидат целосно избришани, како нема да има континуитет во бобрата и формирањето на Македонска држава по Втората светска војна со новата држава Северна Македонија.
Член 60
Народната банка на Република Македонија е емисиона банка. Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство. Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон.
Со овој член е јасно дека и монетарната политика ќе добие двојна тежина. Штом се интервенира во името на Банката која ја уредува националната валута тоа ќе значи и промена на монетите и банкнотите во оптек, при што ќе се изврши и интервенција согласно нелегитимниот закон за употреба на јазиците па ќе имаме двојазични албанско – македонски пари на Северна Македонија.
Впрочем Уставот на новата држава ќе значи и формирање на нов имагинарен народ т.е. нација без корен и семка. Уставниот суд ќе е уставен суд на Република Северна Македонија а тој по службени овластувања ќе компарира со новиот Устав со што ќе се влезе во правна замка од која нема да има излез.
Зошто владата но и академската јавност, како Северномакедонската Академија на науките и уметностите молчи пред овие правни факти е прашање на кое нема одговор?!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.