Во обраќањето, претседателот Заев посочи дека СДСМ отсекогаш била партија која била лидер во поглед на практиките кои се насочени кон родовата еднаквост и разновидност во многу социјални области и дека очекува тоа лидерство да го следат и другите партии.

Објавил: Перо Милчин | 7 февруари, 2021 12:57

Заев: Со СДСМ унапредувањето на женските права е реалност, општеството е еднакво кога во него се еднакви жените и мажите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Струмица учествуваше и се обрати на семинарот за стратешко планирање во организација на Форумот на Жени на СДСМ.

Во обраќањето, претседателот Заев посочи дека СДСМ отсекогаш била партија која била лидер во поглед на практиките кои се насочени кон родовата еднаквост и разновидност во многу социјални области и дека очекува тоа лидерство да го следат и другите партии.

„СДСМ, како партија, направи историски исчекор не само во нашата земја, туку и пошироко во Европа и светот, со што покажавме дека сме меѓу ретките партии каде родовата еднаквост ја поставуваме како врвен приоритет.Еднаквоста е придобивка на генерациските борби за правното врамување на основните права и слободи на човекот, затоа од клучно значење е поставувањето на темелните принципи на еднаквоста помеѓу мажите и жените во нашата партија. Со направените статутарните измени Форумот на жени го регулиравме како трајна и статутарно предвидена форма на организирање“ посочи Заев.

Тој истакна дека СДСМ како предводник на власта во изминатите неколку години се посветила на унапредување на законската регулатива која придонесува за поголема заштита и унапредување на правата на жената.

„Ја усвоивме Истанбулската конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените. Оваа конвенција предвидува заштита на жените од насилство, унапредување на родовата рамноправност. Со Законот за прекин на бременоста исправивме долгогодишна неправда и повторно го обезбедивме правото жената слободно, без пречки да одлучува сопственото тело. Одредбите од неодамна усвоениот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата воспостави сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство. Законот ги дефинира сите облици на насилство согласно Истанбулската конвенција, вклучувајќи и чекор повеќе во постапките за заштита на пријавувачите на овие појави како сериозни придобивки за жртвите и за брза реакција и постапувањето за секое сторено насилство, посочи претседателот Заев.

Заев посочи дека еднакви права за жените и мажите, значи еднакви плати за жените и мажите. Еднакви обврски за жените и мажите.

„Нудиме стратегии за директна поддршка на женското претприемништво, како и на младинското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис. Заедно со другите мерки за обуки, усовршување и доквалификација, да ги поттикнеме жените да земат активно учество во економските текови на државата. Веќе има резултати. На пример со Оперативниот план за програми и мерки за вработување. Во 2018 година 54%, односно 3.456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инклузивност на жената на пазарот на трудот. Во 2020 година, бројот на опфатени го зголемивме на 10.953 невработени лица.И нема да застанеме додека не постигнеме еднаквост на пазарот на труд за да ја поттикнеме мотивираноста, охрабрувањето и определувањето на местото на жените во долгорочниот напредок и емнципација на жените. Општеството нема да биде еднакво ако во него не се еднакви мажите и жените“ заклучи претседателот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...