Очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде до 100 % откупување, може да биде јавно-приватно партнерство, државата да задржи еден дел, а под концесија да се даде друг дел и слично.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 ноември, 2020 9:01

Заев: Со странски инвестиции во дел од државните претпријатија наместо неефикасни ресурси ќе добиеме капацитети во функција на развојот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, професори и експерти во дебатата за Предлог-буџетот за 2021 година на Националниот јавен сервис истакна дека има интерес за продавање на дел од државните компании, како и на ресурсите во кои таа е доминантен сопственик и тоа е објавено и пред појавата на економско-здравствената криза, а се работи за „Железници и транспорт“, „Македонски пошти“, „Еврокомпозит“, „Тутунскиот комбинат“ – Прилеп и други ресурси, како што е Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси.

„Очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде до 100 % откупување, може да биде јавно-приватно партнерство, државата да задржи еден дел, а под концесија да се даде друг дел и слично.

Станува збор за неефикасни ресурси во рацете државата и тие треба се стават во функција на нови приливи во Буџетот. За „Македонски пошти“ веќе има заинтересираност од повеќе европски земји“, рече премиерот Заев, осврнувајќи се на плановите за ревитализација на ресурсите кои не се докрај искористени, а со кои ќе се обезбеди дополнителни средства за економско заздравување.

Премиерот Заев истакна дека анализите покажуваат дека има голем потенцијал и во можностите од продажба на земјоделското земјиште согласно одредени услови по пазарни цени што е во државна сопственост кое се проценува со вредност од повеќе од 2 милијарди евра, а од продажба на дел од него се очекуваат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023-та“, оцени премиерот Заев во емисијата „Отворено студио“ на Националната радиотелевизија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Министерот посочи дека тековните трансфери и субвенции се планирани на ниво од 204,5 милијарди денари, односно повеќе за 7,8 отсто или за околу 14,7 милијарди денари.

Бесими: Предлог буџетот за 2023 година се темели на цврстата определба за одржување на макроекономската стабилност

Предлог буџетот за 2023 година со сеопфатен план е насочен кон ублажување на последиците...

-Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи.

Бектеши: Најверојатно ќе бидат намалени цените на производите

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека во формулација на...

Со овој сет антикризни мерки по 3.000 денари месечно во нареднте четири месеци ќе добиваат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за

Помош од три илјади денари за социјално загрозените граѓани во следните четири месеци

Финансиска помош ќе има сите ранливи категории граѓани и за пензионерите. Олеснување...