Во писмото, како и во телефонскиот разговор во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев на својот косовски колега му посака успех во извршувањето на одговорната функција и го изрази задоволството од пријателските односи меѓу Северна Македонија и Косово.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 март, 2021 7:13

Заев со честитка до Курти: Нашата соработка продолжува со несмален интензитет во сите области од взаемен интерес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев испрати писмо со честитки до Албин Курти по повод неговиот повторен избор за Претседател на Владата на Република Косово.

Во писмото, како и во телефонскиот разговор во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев на својот косовски колега му посака успех во извршувањето на одговорната функција и го изрази задоволството од пријателските односи меѓу Македонија и Косово.

„Нашата соработка се остварува  низ отворен политички дијалог, заснован на меѓусебно уважување и почитување, низ интензивна економска и трговска соработка, тренд кој очекуваме да продолжи со несмален интензитет и во наредниот период што ќе овозможи продлабочување на вкупната соработка и во други области  од взаемен интерес“, пишува премиерот Заев во писмото до премиерот на Косово Курти.

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев во писмото истакнува дека е уверен дека политичкиот дијалог и соработка ќе продолжат со несмален интензитет и со посебен акцент на европската и евроатлантската соработка и со меѓусебна поддршка, консултации и размена на искуства за натамошен прогрес во реализирањето на стратешките цели на двете земји, и изрази надеж за скорешна средба на двајцата премиери.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Таа изрази надеж дека Косово наскоро ќе се снабди и со хеликоптери, кои на ФСК ќе му послужат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации.

Во Косово пристигнаа 55 oклопни возила, донација од САД

Во најголемата косовска касарна, „Адем Јашари” денеска беше одржана свеченост по...

Според одлуката донесена на денешната седница на косовската Влада, исто така се скратува работното време на угостителските објекти, кои наместо до 22.30, во нардиниот период ќе можат да работат до 21 часот и 30 минути, и тоа само на терасите и со користење на 70 отсто од капацитетите.

Косово воведе полициски час, влез во земјата со тест или сертификат

По зголемениот пораст на бројот на починати и новозаразени од Коид-19 во последните...

Поранешниот командант на ОВК во областа Кошаре, Хисен Бериша, вчера изјави дека по Словенија и Австрија, Хрватска нуди кауција за обвинетите во Хаг.

Хрватска нуди кауција за Тачи и другите обвинети во Хаг!?

Хрватската државна службеничка Ермина Љекај Прљаскај изјави дека Хрватска го поддржува...