Тој подвлекува дека сите граѓани се должни да продолжат да се водат од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираат нивните идеали.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 август, 2020 13:30

Заев со честитка за Илинден: Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на СДСМ упати честитка по повод Деенот на Републиката. Во неа тој укажува дека на 2 Август се оддава почит кон херојско минато и кон славните претци кои ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет.

Борбата за слобода на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во нашата земја постојано носеше победи со кои заеднички го трасиравме патот напред. Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина, Илинден е победа за сите кои движат напред. Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност, пишува Заев во честитката.

Тој подвлекува дека сите граѓани се должни да продолжат да се водат од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираат нивните идеали.

-Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и светот. Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина – Северна Македонија почитувана држава, полноправна членка на НАТО и проговорач со ЕУ. Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!, се вели во честитката од претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.