Македонскиот јазик денес е признат во целиот свет и неговата посебност е впишана во личната карта на нашата држава, во големото семејство на народи и на земји членки на ОН!

Објавил: Стојче Бушин | 20 октомври, 2020 14:18

ЗАЕВ: Сè дури постои македонскиот јазик, ќе постојат и Македонците – Бугарија не бара Македонија да го промени Уставот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

„Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Сакам да испратам јасна порака дека оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик, изјави премиерот Зоран Заев во своето обраќање на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.

Македонскиот јазик денес е признат во целиот свет и неговата посебност е впишана во личната карта на нашата држава, во големото семејство на народи и на земји членки на ОН. Како рамноправен со сите светски јазици, се користи слободно секаде низ целиот свет, рече премиерот Зоран Заев денеска во Институтот  „Крсте Мисирков“!

Сè дури постои македонскиот јазик, ќе постојат и Македонците. Сè дури постојат Македонците, ќе постои и македонскиот јазик. Тие две нешта не можат едно без друго, затоа што тие постоеле, постојат и ќе постојат во убавата и нераскинлива симбиоза. Тоа е јазикот на книжевниците кои оставаат печат на своето творештво, тоа е јазикот на кој се школувале генерации  успешни академици, доктори, инженери, новинари, културни работници и сите останати.

Тоа е јазикот кој се изучувал на 30-ина универзитети низ целиот свет и денеска продолжува да се изучува. И конечно, тоа е и мојот јазик, јазикот на мојата мајка, учителка во пензија, која целиот свој работен век образуваше и воспитуваше огромен број ученици. Тоа е јазикот со кој живееме, со кој се сакаме и со кој споделуваме добро и зло, се радуваме и тагуваме, истакна Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Силјановска Давкова потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има полн легитимитет да собира потписи против одреден закон, во овој случај лош закон за попис, бидејќи и начинот на неговото донесување и неговата реализација се лоши.

Силјановска Давкова: Република Македонија не смее да дозволи фингиран попис

Во вчерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше пратеничката од редовите...

За Села ова е скандалозен чин, а Мијалков контроверзна личност.

„Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во „Диво Насеље“. Ова е театар во режија на полицијата“, обвини вечерва Села во „Click Plus“ на ТВ21.

Села: Некој посилен и од Заев и од Мијалков нареди да се пријави Мијалков во Обвинителство

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“...