Заев рече можеби Таравари се гушкал со Мицкоски, тој го нарече Мурто Амнестија!

Објавил: Данаил Михајловски | 22 октомври, 2019 10:56

Заев, Таравари и Мурто Амнестија

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев, во интервју за „360 Степени“ понижувачки кон Таравари ја коментираше изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека при посетата на Гостивар му приоаѓале Албанци и го прегрнувале, велејќи му дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, како и тоа дали се уште има поддршка од Албанците и другите етнички заедници.

„Прво, јас за да го докажам тоа треба само да го погледнат амбиентот околу мене. Граѓаните од сите етнички заедници, и Албанците и Македонците и Србите и Ромите и Турците и Власите и Бошњаците, сите покажуваат отворена љубов. Не знам дали е мојот пристап таков, дали е мојот наратив таков, дали ликот ми е таков, не знам зошто. Господинот Мицкоски веројатно не го препознава господинот Таравари. Може тоа господинот Таравари и тимот околу него да го гушка. Албанците за да го гушкаат, дај боже да го дочека тоа, треба да се покаже, да го постави својот наратив така и да се растерети од таа филозофија на неговиот шеф – чиста Македонија, Македонија на Македонците или слично. Од секогаш сме биле мултиетничка земја и такви ќе останеме. Додека тоа не го промени, може да го користат неговите политички партнери, тие се коалиционен партнер на ниво на Гостивар, и веројатно не можел човекот да го препознае. Или Таравари бил, или неговиот шеф на кабинет, или неговиот тим“, рече Заев

Градоначалникот на Гостивар, Арбен таравари, вчера му измисли нов прекар на премиерот во оставка Заев, нарекувајќи го Мурто Амнестија

Градоначалникот на Гостивар вчера на Фејсбук експресно реагираше по ироничната изјава на премиерот Зоран Заев кој синоќа во емисијата 360 степени на Алсат-М рече дека можеби Христијан Мицкоски се гушкал со Таравари или со неговиот шеф на кабинет, но не ги препознал дека се тие: „На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, ниту слободата на Велјановски, ниту затворот на Фета Халими, запнал со Гостивар“, напиша Таравари на Фејсбук.

Свесно или несвесно, премиерот во оставка Заев со понижувачката изјава кон Таравари, кажа еден битен политички момент, а тоа е дека за него коалицијата со ДУИ е опцијата на која тој како претседател на СДСМ и дава приоритет. Можеби тоа е и веќе разговарано на ниво Заев и Ахмети, ден пред лидерската средба на која се договори 12ти април 2020 година да биде датумот за предвремените парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Лавина реакции во јавноста и молк од претседателот на Собранието Талат Џафери предизвика објавената аудиоснимка на која се слуша како тој им вика употребувајќи вулгарни зборови на собраниски службеници по завршување на пленарна седница

Се бара оставка на Џафери: Недостоен е да го води Собранието!

Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател...

Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, поради што сите

ИПИС: 39,1 отсто од анкетираните за предвремени избори, 32,5 отсто против, 28,4 отсто „не знааат“

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите...

Според Ковачевски, ова што го прави Мицкоски е „најнеодговорното нешто што може некој да го направи“.

Ковачевски ги плаши граѓаните дека оваа година ќе биде најтешка по Втората светска војна

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостување на ТВ21 рече дека наредната...