За Заев тграгедии се случувале, не гелда зошто да си поднел оставка, а вие драги чшитатели?

Објавил: Македонка Димкин | 13 септември, 2021 12:45

Заев: Трагедии се случуваат насекаде во светот не треба да дадам оставка

Фото/Текст извор: ©360 степени

За оставките на министерот Филипче, заменик-министерот Хасани и двајцата директори на тетовската болница, Заев го повтори истиот став што го имаше и во писменото соопштение. Ред е, рече, прво да се добијат сите одговори од експертите и форензичарите, од целокупната истрага

Трагедии се случуваат насекаде во светот и, како што реков во соопштението, го разбирам високиот морален чин на министерот, заменикот и на директорите, како чин кој пред сè е од човечки причини, од етички и морални аспекти и еве тие ја доставија оставка. Не мислам дека целата владата треба да си поднесе оставка поради тоа, рече премиерот Зоран Заев на прашање околу евентуална морална и колективна одговорност на Владата за трагедијата во Тетово.

Заев, во своето прво појавување во јавноста по пожарот од 8 септември, беше воздржан во одговорите на новинарските прашања околу случајот со модуларната болница.

„Четврток, петок сабота и недела немав изјави, трите дена беа денови на жалост. Како денови на жалост, во моменти на чувствителност, не би сакал да влијаам врз нивниот впечаток, истраги или што било што е поврзано со ова. Сè со конечната цел, соодветните експерти и институции испорачаат одговори на сите овие прашања за кои се заинтересирани, пред сè, семејствата на починатите и сите наши граѓани“,

За оставките на министерот Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани и двајцата директори на тетовската болница, тој го повтори истиот став што го имаше и во писменото соопштение. Ред е, рече, прво да почекаме да се добијат сите одговори од експертите и форензичарите, од целокупната истрага, па после тоа да го каже неговото мислење за поднесените оставки.

„Ние сме многу транспарентни луѓе, даваме одговори на се. Оставете да заврши постапката, вие сакате да ги прејудицирате одговорите и да правиме приказни што не е коректно. Оставете и тие што треба да тагуваат – да тагуваат, тоа е целиот наш народ. Оставете професионалните да ја завршат работата, одговорите ќе ги добиете сите, соодветно и навремено“,

им одговори премиерот на новинарите кога го прашаа што треба да покаже истрагата за да ја прифати оставката на Филипче.

Премиерот рече дека не знае детали од истрагата и нагласи дека се дојдени дел од лицата од Германија, а на прашање за тоа кои се информациите за фирмата што вршела надзор врз изградбата на модуларните болници, тој нагласи дека тие се правени преку проект на Светска банка и се примопредадени по сите прописи.

„Се работи за модуларни и монтажни објекти. Проект на Светска банка, спроведен преку Министерството за труд и социјална политика (МТСП), преку кредитната линија која ја повлековме за потребите на социјалните случаи во државата и здравствениот систем. Примопредавањето е јасно опишано во закон, не би навлегувал детално, но сигурен сум дека институциите ќе ви ги дадат сите информации, затоа што навистина целиот проект беше предводен и воден од Светската банка, учествуваа во него МТСП и Министерството за здравство и е спроведен онака како што е замислено по сите прописи“,

рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...