Темата на дебатата беше реформата во образованието со посебен аспект на стручното образование под слоганот: „Учи паметно, работи стручно“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 февруари, 2021 20:43

Заев: „Учи паметно, работи стручно“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денес во Тетово беше гостин на дебатата која ја организираше Министерството за образование со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Темата на дебатата беше реформата во образованието со посебен аспект на стручното образование под слоганот: „Учи паметно, работи стручно“.

„Владата на Република Македонија како дел од своите приоритетни агенди во својата програма го стави и социјалниот дијалог преку кој ќе ги идентификуваме потребите на пазарот на труд и ќе направиме модификации во образовниот систем. Ова го правиме за да ја намалиме хиперпродукцијата на непродуктивни кадри, и за да го стимулираме образованието, насочувањето и градењето на високостручни кадри. Кадри кои веднаш се подготвени да одговорат на современите потреби на новата македонска економија. Овој социјален дијалог помеѓу сите страни кои директно и индиректно се вклучени во овој процес е круцијален за да може да носиме одлуки базирани на факти, а не на претпоставки”, истакна премиерот Заев на дебатата.

Заменик-министерот за образование, Арафат Шабани во своето излагање истакна дека Министерството за образование и наука е во процес на  усогласување на наставните програми кои се работат како одговор на потребите на бизнисот секторот.

„Низ настава комбинирана со пракса да одговориме на долгогодишните барања на реалниот сектор за потребата од одредени профили, но и да ја зголемиме вработливоста на младите на локално ниво. Во учебната година 2021/2022 се очекува дека приближно 10.000 ученици ќе имаат побарувања за реализација на учење преку работа во компаниите, а од 2022/2023 таа бројка на ученици ќе биде приближно 20.000 ученици. Целта на новиот концепт учење преку работа во Република Македонија e да се обезбеди училиштата, работодавачите и институциите да започнат со воедначен пристап во имплементацијата на учењето преку работа, посебно за училиштата во кои се пилотираат трите квалификации, но и да помогне во реализацијата на феријалната практика“, нагласи заменик министерот за образование Арафат Шабани.

На дебатата во која учествуваа и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, градоначалничката на Тетово Теута Арифи, и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, како и гости од средните стручни училишта и бизнис заедницата се разговараше и околу досегашната успешна соработка со бизнис секторот во која се издвои информацијата дека повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат веднаш пракса за средношколците од стручните училишта во државата.

Преку отворен дијалог и реформа која се спроведува низ отворена и инклузивна дебата ќе биде овозможено обезбедување на квалитетни кадри кои брзо и едноставно ќе се вклучат на пазарот на работна сила и активно ќе учествуваат во градењето на современата македонска економија.

Серијалот дебати е помогнат од страна на Швајцарската амбасада која издвојува финансиски средства за овие програми и реформи и е активен чинител со своите искуства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Министерката рече дека со сет мерки за подобрување на квалитетот на стручното образование и за негова промоција меѓу младите, ќе се намали дефицитот на кадар, ќе им се помогне на младите да останат во своите родни градови и да се реализираат професионално, со што ќе се забрза и развојот на државата.

Во Кавадарци веќе три години успешно се спроведува дуално образование, младите да ги искористат придобивките кои тоа ги нуди

Општина Кавадарци заедно со локалната бизнис заедница се приклучуваат кон заложбите...

„Толковниот речник на македонскиот јазик“ е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот.

Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција во јавноста

Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и...

На учениците им се здодевни содржините во застарените и неприлагодени учебници, кои не можат да го задржат нивното внимание. Нивниот свет се дигиталните уреди, тие постојано се изложени на анимација, но таа не може да се постави во печатен учебник.

Дигитализацијата на учебниците не е тренд, туку реална потреба на учениците

Целата реформа на образованието е фокусирана на потребите на учениците. Најавените...

Дигитализацијата значи и насочување и интерактивно учење на ученикот. Ученикот учи дека не е еден изворот на информирање, туку се повеќе. На овој начин за прв пат се прави обид за драстичен скок во квалитетот на наставниот материјал. Но, од прво до трето, кога учениците имат потреба од стекнување на вештини и знаења и создавање на однос кон книгата, учебниците се печатени, со соодветни илустрации и бои.

Царовска: Дигитализацијата на учебниците не е тренд, туку реална потреба на учениците

Целата реформа на образованието е фокусирана на потребите на учениците. Најавените...