
Македонија
Вести
Зоран Заев во говорот, на комеморативна свеченост што се одржа во макеоднскиот народен театар во Скопје, по повод одбележување на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка, рече дека Холокаустот не бил само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна.
» Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна. – изјави Заев.
По реакцијата на јавноста и експлозијата на фејбук тој напиша:
Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“.
Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување. Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на осуда на геноцидот врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жртвите на холокаустот.
Грешката не била објавена на веб страницата на Владата за да не повредела ничии чувства, напиша Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.