Нека е честит 14 април – Денот на царината“, стои во честитката на премиерот.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2021 9:58

Заев: Царинската управа се покажа како еден од најголемите учесници во полнењето на Буџетот на нашата земја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев со видео обраќање на царинските работници и на Царинската управа им го честиташе 14 април – Денот на Царинската управа.

„Втора година по ред нашите цариници и Царинската управа на Република Северна Македонија го одбележуваат 14 април – Денот на царината, во посебна, вонредна состојба заради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.

Но и во такви услови, со одбележување на празникот на царинските работници им оддаваме признание за нивната посветеност и заради исклучителните и неопходни напори што ги прават, заедно со сите органи и министерства во Владата на Република Северна Македонија, за одржување на економската активност и поддршка на работењето на економските оператори во меѓународната трговија и во извозот и увозот“, вели премиерот.

Според него, во 2020 година вкупниот приход од царини, ДДВ, акцизи и други надоместоци е повисок за 4,8% во однос на планираното.

„Овие показатели на годишно ниво, во време кога заради пандемијата значително е намален интензитетот на економијата и трговија, со своето високо професионално и чесно работење царинските службеници и Царинската управа на Република Северна Македонија се покажа како сериозен и еден од најголемите учесници во полнењето на Буџетот на нашата земја.

Огромен дел од овие приходи Владата го врати и го пренасочи назад кон граѓаните и деловната заедница за одржливо работење, за зачувување на работните места и за животниот стандард.

Овие факти сами по себе зборуваат колку значајна е улогата на Царинската Управа во креирањето на економскиот амбиент во државата.

Царинската управа и царинските работници се првиот контакт со нашата земја – тие се лицето на Република Македонија, а цариниците се дел од најизложените наши сограѓани на заканите од вирусот.

Сепак, и во вакви услови тие ги прифатија предизвиците за да се обезбеди брзо и непречено прекугранично движење на стоки, патници и транспортни средства.

Царинската Управа го прифати концептот за европско царинско работење и спроведе низа мерки за олеснување на работата на сите учесници во царинските постапки. Како резултат на посветеноста на вработените на сите нивоа остануваме лидери во дигиталното работење. Огромен дел од царинските постапки кои се реализираа на хартија сега се заменети со електронски постапки и од овој месец извозот од државата се врши целосно електронски и безхартиени.

Упатувам срдечни честитки до сите царински работници по повод нивниот Ден на Царината. Пред сѐ ви посакувам здравје. Во име на сите наши граѓани и компании ви посакувам успешно да продолжите со примената на сите соодветни инструменти со кои учествувате во економското консолидирање на земјата во услови на КОВИД-19.

Тоа е значаен, исклучително значаен придонес на царинските службеници во постигнувањето на нашата заедничка цел – да им го вратиме нормалното секојдневие на граѓаните колку што е можно побргу.

Нека е честит 14 април – Денот на царината“, стои во честитката на премиерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски...