Сосема на крај, лажен патриотизам е да ја ограбуваш државата, во исто време кога евтино го продаваш тоа што е најскапо за македонскиот народ.

Објавил: Стојче Бушин | 3 декември, 2020 16:06

Заев шири лажен патриотизам, вели Мицкоски!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лажливецот Заев денес обвинува за некаков лажен патриотизам и тоа во истиот ден кога соопштува дека ќе ги менува учебниците по историја во согласност со туѓи желби. Заев велеше дека потпишал договор за пријателство со кој се отворени вратите кон ЕУ, а сега гледаме дека тој негов договор ги затвора вратите на ЕУ, вели лидерот на Вмро-Дпмне, Христијан Мицкоски!

Лажливецот Заев нѐ убедуваше дека бугарскиот меморандум бил некаква политичка игра без значење, за да сега гледаме дека токму тој меморандум е официјална државна стратегија.

Мицкоски вели дека Заев тврдеше дека нема да има анекс на договорот со источниот сосед, а денес гледаме дека преговара токму за тоа.

Лажливецот Заев којшто веќе го начна македонскиот идентитет, денес лаже дека го брани идентитетот во време кога јавно во интервју ги оспори и идентитетот и јазикот. Тој велеше дека сето ова е во главите на вмровците, ама пустото се потврди дека за сѐ сме биле во право.

Сосема на крај, лажен патриотизам е да ја ограбуваш државата, во исто време кога евтино го продаваш тоа што е најскапо за македонскиот народ.

Нема играње со најсветото, а народе ова е апел до секој еден човек дека мораме да бидеме гласни сега, за да не биде предоцна утре.

Оставка на Заев, слобода на народот, потенцираше Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

ЛДП инаку, вчера соопшти дека донесе одлука за самотојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски, но и дека таа одлука датира од август минатата година, а дека не била реализирана од „објективни причини”.

Трајанов: Одлуката на ЛДП е исправна – и другите партии ќе се двоиме

Мислам дека одлуката на Либерално – демократската партија е исправна и дека полека...

Очекувам надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

Пендаровски: Наскоро очекувам апсење на Мијалков!

По Мијалков се трега и со национална и со меѓународна потерница и засега МВР нема одговор...

Тој потенцира дека е потребен нов почеток, нова енергија, бунт на чесниот народ против нечесните, стануваат обесправените, против оние кои носат неправда.

Не ме интересира власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина

Мораме да ја обезбедиме иднината. Мора да се излезе од тињата во која сите не ставија....

Во јавноста постои информација којашто е на ниво на би рекол политичка калкулација, а тоа дека прва и основна точка на политички договор помеѓу СДСМ и БЕСА била токму оваа измена во личните карти, односно враќање на старото решение пред потпишување на Преспанскиот договор, кога се брише националност и се додава државјанство, односно граѓанин на државата со новата придавка.

Мицкоски за законот за лични карти: Јас сум Македонец и сакам така да се идентификувам

Во денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со...