-Сашо Мијалков и те како е виновен како директор на УБК, но лошотијата, злобата доаѓа од тој што конзумирал. Чесен политичар го спречува тоа ако го увиди, не го конзумира, изјави Заев по сведочењето.

Објавил: Весна Петровска | 24 октомври, 2019 17:13

Заев: Јасно како бел ден е кој прислушувал и кој е одговорен за незаконското прислушување

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Премиерот Зоран Заев денеска по сведочењето во Основниот кривичен суд во Скопје за незаконското следење на комуникациите во случајот „Таргет – Тврдина“ изјави дека нема ништо спорно во сведочењето на Зоран Верушевски.

Тој со него е во секојдневна комуникација како негов советник за национална безбедност. Вели, Сашо Мијалков и тоа како е виновен за прислушувањето, како тогашен прв човек на веќе згаснатата Управа за безбедност и контраразузнавање.

-Сашо Мијалков и те како е виновен како директор на УБК, но лошотијата, злобата доаѓа од тој што конзумирал. Чесен политичар го спречува тоа ако го увиди, не го конзумира, изјави Заев по сведочењето.

Тој истакна дека верува оти и на Мијалков и на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и на Никола Груевски, кој е во бегство, но и на сите граѓани во земјава им е јасно како бел ден кој прислушувал и кој е одговорен за незаконското прислушување.

-Сашо Мијалков и те како е виновен како директор на УБК, но лошотијата, злобата доаѓа од тој што конзумирал. Чесен политичар го спречува тоа ако го увиди, не го конзумира, изјави Заев по сведочењето.

-И сите очекуваат да се изрече казна. Тоа е докажано не само со мојот исказ и сите што сведочеле, тоа го докажуваат вештачењата, автентичноста на разговорите. Кој тоа прислушувал, како се случувало, јас минував низ драматични моменти тоа да го споделам со јавноста за денеска да биде повеќе од јасно кој ги кршел масовно човековите права во тогаш Република Македонија. Јасна е веригата, конечниот конзумент бил Никола Груевски, одговорни се министерот за внатрешни работи, директорот на УБК, Горан Грујовски, Никола Бошковски и другите за кои постојат докази дека правеле незаконски дејствија, а со тоа ги нарушиле човековите права, рече Заев.

Во врска со случајот „Пуч“, Заев нагласи дека тогашниот состав на Јавното обвинителство наместо да го истражува масовното прислушување се ставило во функција на политиката, предводена од Груевски и ги гонело него, Верушевски, неговата сопруга, свиркачите Ѓорѓи Лазаревски, Ѕвонко Костовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај- Мирликискиот чудотворец.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави летен Свети Никола

Православните христијани  денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник...