Регионот забрзано се вакцинира, а Заев ги лиши нашите граѓани од правото да се вакцинираат.

Објавил: Перо Милчин | 20 јануари, 2021 10:46

Заев ја остави земјата без вакцини, народ умира по болнички ходници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев наместо да се фати за работа, оди по соседството и се моли за вакцини. Вакцини не доби од Грција, не доби ниту од Бугарија, а вакцината која како милостиња му ја даде Вучиќ уште не е стигната ниту во Србија, а Заев побрза да се пофали дека измолил вакцини кои друг ги договорил, нарачал и платил.

Да го послушаше Заев ВМРО-ДПМНЕ требаше да стапи во контакт со светските производители уште при крајот на претходната година, кога тоа го правеа сите земји од регионот и светот. Но тогаш Заев се надеваше на донации, и наместо да се фати за работа тргна да моли.

Вакцини сега пристигнуваат секаде, само нема во Македонија.

Регионот забрзано се вакцинира, а Заев ги лиши нашите граѓани од правото да се вакцинираат.

Бараме веднаш да запре со циркусот и да се фати за работа. Доколку не може да испреговара за вакцини нека побара помош, чесно е да каже дека е неспособен.

Народот умира по болнички ходници, додека се чека вакцина. Ситуацијата бара сериозност, велат во соопштението од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Приведени Миленко, Александар Пандов и Владимир Панчевски, пред полноќ биле во кафеана во Стајковци

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не...

Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“,...