Инаку се уште се чека да започне седницата за избор на нови членови на Владата која требаше да почне во 11 часот, но сѐ уште не е почната токму поради оваа причина,пренесува порталот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2019 13:13

Заев ќе го повлече предлогот за да биде министер за финансии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако Антикорупциска пресече, дека Заев не може да биде на две функции односно да биде премиер и министер за финансии истовремено, бидејќи тие две функции се неспоиви, сега Заев реши да го повлече предлогот да биде министер за финансии, пренесува порталот.

Заев пред неколку дена се самопредложи за министер за финансии 

Инаку се уште се чека да започне седницата за избор на нови членови на Владата која требаше да почне во 11 часот, но сѐ уште не е почната токму поради оваа причина,пренесува порталот.

Според информациите до кои дојде Плус Инфо, засега не е познато дали на местото на Тевдовски ќе дојде нов министер, или сепак тој ќе остане да ја врши оваа позиција.

Како што објави претходно Фокус, Антикорупциската комисија се изјасни дека има судир на интереси и Заев не може да ги врши двете функции истовремено.

Инаку премиерот вчера изјави дека не го менува Тевдовски поради тоа што нее задоволен од неговата работа туку сака лично тој да одржи лекција за екомија.

-Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е дека сум нeзaдoвoлeн. Јас влегувам во последната фаза само во конечната реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година. Октомври е почеток на преговори конечно по 15 години, доаѓаат убави времиња за Македонија, треба максимално се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, порача Заев.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.