Покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко и во подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јануари, 2021 20:34

Заев: Ќе градиме уште спортски сали за младите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и директорката на основното училиште „Кирил и Методиј” во село Стајковци, Анита Ангеловска направија увид на училиштето каде ќе започне изградба на нова спортска сала.

Во обраќањето премиерот Заев потенцираше дека една од стратегиските определби на Владата на Република Македонија е поддршката на единиците на локалната самоуправа за нивна целосна финансиска независност.

Тој напомена дека од огромно значење се проектите кои се од посебен интерес за младите, како во Стајковци каде што учениците ќе добијат нова спортска сала според сите стандарди.

Во продолжение Ви го пренесуваме интегралното обраќање на Премиерот во целост.

„Еден од стратегиските определби на Владата на Македонија е поддршката на единиците на локалната самоуправа за нивна целосна финансиска независност. Со максимална децентрализација на власта создаваме услови за да го обезбедиме тоа што го очекуваат граѓаните непосредно од нивните општини: Пристоен, достоинствен живот, со сите подобности директно во нивната локална заедница.

Општина Гази Баба, во непосредна комуникација и соработка со своите граѓани, ги препознава нивните приоритети и посветува искрено внимание за финансиска и секоја друга поддршка на стотици проекти што е остваруваат во соработка со централната власт или самостојно во рамките на своите програми за работа.

Денеска промовираме проекти кои се од посебен интерес на младите, на учениците од Стајковци и другите населени места во Општина Гази Баба.

Се радуваме на стартот на една таква иницијатива – на изградба на спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“.

Кога ќе биде завршена само во сеќавање ќе останат деновите кога учениците од ова основно училиште наставата по физичко ја одржуваа во пренаменета училница или надвор, во дворот на училиштето.

Со овој капитален проект конечно се решава овој проблем и учениците добиваат спортска сала според сите стандарди.

Проектот за салата го подготви општината и во својот буџет обезбеди средства за почеток и изградба на спортската сала. Вкупната вредност на инвестицијата за изградба на салата во Стајковци е 17 милиони денари.

Салата е проектирана на површина од 430 метри квадратни со висина од 6,7 метри и во неа ќе може да се игра кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, пинг-понг, гимнастички спортови. Салата располага со две соблекувални и помошен простор.

Покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко и во подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци.

Она што е посебно вредни да се истакне е дека покрај оваа спортска сала, општината подготви проект и обезбеди средства за изградба на спортска сала и во основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани и со тоа сите основни училишта во Општина Гази Баба ќе добијат услови за одржување на наставата по физичко.

Тоа е голем успех на Општината и истовремени потврда за грижата за нејзините граѓани, особено младите“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Приведени Миленко, Александар Пандов и Владимир Панчевски, пред полноќ биле во кафеана во Стајковци

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не...

Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“,...