Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април,

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2019 14:44

Заев : „Ќе слетам во Грција со владиниот авион на кој ќе пишува Република Северна Македонија„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

За Независната балканска новинска агенција (ИБНА) премиерот Заев изјави дека, прва посета на грчкиот премиер во Скопје можеби ќе се случи во март или април.

Тој во својата изјава за независна балканска агенција (ИБНА) кажа дека откако Македонија постана официјално Република Северна Македонија, го очекува во посета на пролет грчкиот премиер Алексис Ципрас.  Премиерот Заев изјави дека тој прв ќе слетал со владиниот авион во Грција на кој ќе пишува Република Северна Македонија, за да покаже на сите грчки пријатели дека Македонија сака пријателски односи со грчкиот народ и влада.

Се надоврза и на наградата што ќе ја примат вечерва во Минхен и рекоа со грчкиот премиер биле позитивен пример, покажувајќи му на светот како се постигнуваат договори како што е името на една земја.

Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април, кога е најдобро за него. Потоа јас ќе ја посетам Атина, нешто што е многу добро, бидејќи често го посетувам Солун и сигурно ќе го посетам повторно. Но, во Атина, ќе дојдам за прв пат со владиниот авион на кој ќе пишува “Република Северна Македонија”, за да им покажам на нашите пријатели од Грција, од грчката Македонија, дека се држиме до договорот и сакаме пријателски односи со јужниот сосед – вели Заев.

-Голема чест е што ќе ја примиме оваа награда од Конференцијата за безбедност во Минхен, една од најважните светски конференции. Значаен е фактот што сме позитивен пример, покажувајќи му на светот дека преку европските практики и однесувања, може да се постигнуваат договори, дури и за чувствителни прашања како што е името на една земја, посебниот идентитет на двете земји и како се градат пријателства за иднината на пријателски начин и отворајќи врати за новата генерација, за нашите деца – објаснува Заев, за Независната балканска новинска агенција, пренесе МИА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека Македонија е убедливо рекордер по бројот на загубени животи од коронавирусот споредбено со земјите во регионот, заради калкулантскиот однос на Заев и Филипче!

МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ предложуваше мерки уште во февруари месец, но власта брутално ги одбиваше

Убеден сум во голема победа на ВМРО-ДПМНЕ но не сакам да калкулирам со бројки туку повеќе...

Лидерите на најголемите политички партии во земјата претходно ги спротивставија ставовите на ТВ Канал 5 и на ТВ 24 вести.

ЌЕ ГИ ИЗМЕРАТ СИЛИТЕ: Заев vs Мицкоски вечерва од 20.15 ч. на МТВ 1

Ова ќе биде трет ТВ дуел на Заев и Мицкоски пред предвремените парламентарни избори! Вечерва...

Според Села, предлогот на ДУИ излегол по анкетите на ИРИ, според кои, како што кажа Села, ДУИ бил зад Алијанса за Албанците.

Села за МИА: Али Ахмети и ДУИ се факултативни, сезонски Албанци!

Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци. ДУИ преку предлогот Албанец...