Одговарајќи на новинарско прашање по прошталната средба со шефицата на Мисијата на ЕУЛЕКС, Александра Пападопулу, Тачи изјави дека, за време на 20-минутниот телефонски разговор, Заев му рекол оти бил жртва на измама, а изјавата што ја дал во врска со наводниот договор меѓу косовскиот и српскиот претседател за доделување на Србија на 10 косовски општини, била „заснована на гласини, дезинформации и податоци лансирани од Спутњик и други руски гласини“.

Објавил: Весна Петровска | 11 јули, 2019 12:47

Заев 20 минути му се извинувал на Тачи

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Хашим Тачи изјави денеска дека македонскиот премиер Зоран Заев му телефонирал синоќа, со цел да ги разјасни изјавите што им ги дал на руските комичари, кои се претставиле како украинскиот претседател Петро Порошенко, а во врска со наводниот договор на Тачи со српскиот претседател Александар Вучиќ за промена на границите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одговарајќи на новинарско прашање по прошталната средба со шефицата на Мисијата на ЕУЛЕКС, Александра Пападопулу, Тачи изјави дека, за време на 20-минутниот телефонски разговор, Заев му рекол оти бил жртва на измама, а изјавата што ја дал во врска со наводниот договор меѓу косовскиот и српскиот претседател за доделување на Србија на 10 косовски општини, била „заснована на гласини, дезинформации и податоци лансирани од Спутњик и други руски гласини“.

Тачи соопшти дека Заев му се јавил за да ја разјасни изјавата што им ја дал на руските измамници

– Тоа се зборовите кои ми ги рече, истовремено нагласувајќи дека тоа што го зборувал со измамниците кои му се јавиле по телефон се работи кои немаат врска со односите со Косово. Тој, исто така, нагласи дека нема никаков факт, никаков доказ, никаква официјална информација за тоа што го изјавил, туку сето тоа било врз основа на локални и меѓународни гласини, изјави Тачи.

Косовскиот премиер нагласи дека „односите меѓу Косово и Северна Македонија биле, се и ќе останат коректни, позитивни и конструктивни, во духот на добрососедството“ на сите институционални нивоа и дека Приштина ќе продолжи да ја поддржува евроатлантската перспектива на својот сосед.

Премиерот Зоран Заев денеска по отворањето на 31. бензинска станица на Лукоил на влезот во скопско Арачиново, потврди дека разговарал со косовскиот претседател Тачи во врска со неговиот разговор со руските комичари, посочувајќи дека доколку со тоа ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа.

– Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш да ја искористам приликата ако со изјавата сум ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. Ние сме исклучително пријателски земји. Јас се надевам, барем така чувствувам, дека сум пријател на граѓаните на Косово. Никогаш не сме имале детали за преговарачкиот процес, како што и претходно изјавив. Сето тоа што е тема на разговори во кои било кулоари кога разговараме од она што е присутно во јавноста и слично. Впрочем и претседателот Тачи и претседателот Вучиќ знаат дека ние и не знаеме, немаме споделено информации, изјави Заев.

Нашиот став, како што потенцира Заев, е дека навистина посакуваме просперитет и решавање на проблемот со Косово, просперитет на Албанците, на Србите и на сите други заедници кои живеат на Косово, но и во целиот регион.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Работата е веќе испуштена од контрола, не требаше да се пуштат навечер младите да шетаат, затоа што тие допрва ќе го шират вирусот како најголеми преносители.

Пановски: Ситуацијата со коронавирусот излезе од контрола

Треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја...

Три месеци без комуникација со најмилите, полициски час, повеќедневни карантини, Велигден без црква и молитва, ограничено движење.

Д-р Андон Чибишев: Од слоганот ,,Слушај го Венко,, и аплаузите немало никаков резултат!

Во последните десетина дена Македонија е во епидемиолошка агонија, бројот на новозаразени...

Во сабота православните верници го слават празникот Задушница, а обичаите налагаат да се посетат гробиштата. Поради ова, министерот денеска посочи дека можно е воведување на полициски час но тоа ќе се одлучи во следните неколку дена .

Полициски час или карантин за време на продолжениот викенд?

Сите опции се отворени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство...