Зелен хуман град

Објавил: Калина Мартинска | 3 декември, 2024 12:23

Закажан протест против загадениот воздух во Скопје

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

„Зелен хуман град“ во вторник, на 10 декември, во 16:00 часот закажа протест против захадениот воздух во главниот град. Протестниот марш ќе започне пред Министерството за животна средина, а потоа ќе се одвива пред Собрание и пред Влада.

Се бара изработка на план за режим на сообраќај кој ќе се активира веднаш штом се надминат граничните вредности на загадувачки материи и доколку тоа трае подолго од 24 часа и усвојување на Правилник за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедска инфраструктура.
Како среднорочни мерки се бараат поставување на густа локална мрежа од мерни станици, по една на максимум 1.500м2, со приоритет на обиколување индустриски капацитети и погони (А и Б-интегрирани дозволи) и изградба на примарна и секундарна вело-мрежа.
Се бара на јавните објекти и институции под надлежност на Владата, градовите и општините да сепостават фотоволтаични системи и субвенции за фотоволтаични системи за индивидуални домаќинства.
„Анализите со кои се обвинуваат домаќинствата како главен извор на загадувањето во текот на зимските месеци имаат низа недостатоци. Но, иако не е утврден точниот удел на загадувањето од загревање на домаќинствата, субвенциите за обновливи извори обезбедуваат енергетска правда и намалуваат загадување, особено во населените места каде што се користи дрва или биомаса за греење“, порачуваат екоактивистите.
Се предлага воведување субвенции за енергетски ефикасни фасади на објекти за индивидуално домување и систем за самоизнајмување велосипеди,како и „високоразвиен јавен превоз издвоен од останатиот сообраќај“.
– Сѐ што треба е само да дојдете и да застанеме рамо до рамо за чист воздух! Скопје мора да дише! Македонија мора да дише!, повикува организаторот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.